“Uživaj opštu nemoć
Moraju te gledati jer ne znaju
Uživaj opštu nemoć
Nešto ćeš promeniti”(Uživaj)
Целиот албум:
Водени од инстинктивното познавање на афроамериканската музика (блуз, фанк, соул) како и од разбирањето на целата историја на рокенролот, со панкот како најнова епифанија на тој феномен, Дисциплина кичме понудија визионерска реконструкција на смислата на реконролот, насетувајќи ја неговата иднина низ семплувањето, рапот кој надоаѓаше и „Drum & Bass-от“ кој уште не постоеше.
За разлика од другите на сцената, Која немаше што да изгуби. Тој реално доаѓаше од работничката класа и знаеше што тоа значи, во кој било систем. Неговата бас гитара навистина беше оружје за социјална промена. Единственото кое го имаше.
Тој е најсветлиот пример за етичката порака на рокенролот на овие простори и културна личност од посебно значење. Заради својата револуционерна улога, што на музиката ѝ даде сила на општествено движење, Дисциплина кичме се претвори во мит.
************
* Музичкиот избор на Која за читателите на Оффнет - тука