Ноел за Лијам: Нека не ве мафта

Ноел Галагер има нов албум кој го отвори со песната „Easy Now“ за која вика дека е нај-Оазис песна која ја има напишано по распадот на бендот. Муабетите за него и брат му и за евентуалното повтoрно обединување на групата се фикс во интервјуата. Верзијата која циркулира е демек Лијам сакал, ама овој кочел. Еве што на тоа вика Ноел.

Се помирив со тоа дека муабетите за ова никогаш нема да престанат. Ако Лиjам навистина сакаше да се споиме, требаше да ми се факинг јави, а ми се нема јавено. Точно знам дека ни тој тоа не го сака, но сака да се претставува како кутро момче кое седи покрај вратата со својот спакуван куфер, знаеш, како онаа мала факинг мачка од факинг Шрек,  малата факинг шпанска мачка со оние големи факинг насолзени солзи очи. „Ќе го направам тоа за вас фановите, сите ве сакам...“ Ако сакаш, тогаш факинг јави се! И ми се нема јавено. Дур е така, дечкото не оди факинг никаде“.

А песната добра, стварно со Оазисовски мирис и вкус:

Ролинг стоун го прашаа и што мисли за ко-авторството.

„Никогаш не ги сакав Бич Бојс. Еднаш гледав документарец и си викам, чекај малку? Кој е па овој Ван Дајк Паркс? О, тој е текстописецот? ВТФ? Брајан Вилсон не ги ни напишал текстовите? Што тогаш го почитуваат како автор на песни? И, хм, Хари Стајлс и Ед Ширан и сите останати такви, сори. Ќе вработат надворешни луѓе а соло уметници се. Како може тој да биде соло уметник ако има некој друг кој ги пишува ебаните песни за тебе?“ Ако пишуваш песни со некого, биди во бенд со тој ебан тип!

п.с. Ноел Галагер е ко-автор на три песни за следниот албум на Black Keys.

************

Види и:

Ноел Галагер: Ја сакав мама додека не го роди Лијам

Лијам Галагер како Бранко Коцкица

Брат брата не рани, тешко оној кој го има

Гачки од понервозниот Галагер

Лиам појак од Крале Марко: Пола пие, пола за после си остава

Првиот албум на Оазис од вештачка интелигенција

Како звучат Оазис на кристал мет?

16 јуни 2023 - 15:50