Иако новинарот на Гардијан очекува дека ќе почне со анегдота поврзана со некоја од ѕвездите со кои Лиам соработува или со некоја од рок легендите, поранешниот фронтмен на Оазис отвора со тепачка во хотел во Минхен која доведе до откажувањето на турнејата на Оазис низ Германија. Во 2002.
Инцидентот кој заврши со штрбав Лиам, казна од 50.000 евра и апсење, започнува кога еден од тимот околу Оазис загледува девојки во хотелски бар.
„Се сеќавам дека седевме на маса под балкон, и нашето обезбедување одеднаш нè фати за врат, нè извлече преку масата, и во следниот момент некој куртон од балконот фрли со стаклена маса кон нас, меѓутоа обезбедувањето на време нè спаси, иначе ќе нè убиеше. И тогаш сè почна,“ раскажува Лиам.
Епилогот е интервенција на 80 германски полицајци, уништување на мебелот во ноќниот клуб до дрво за потпалување, и Лиам без еден заб.
Иако официјалната верзија е дека пејачот паднал на скали и од тоа му се скршил предниот заб, Лиам има многу пофантастична теорија:
„Германската полиција со клешти ми го откорна забот“.
Лиам има и објаснување зошто германската полиција би го направила тоа: „Затоа што за време на тепачката шутнав еден џандар во фоајето.“ Продолжетокот од приказната, како што тој ја замислува, е дека откако го онесвестиле, го качиле во марица „и мислам дека таму си рекле ’еби се, пиздо’“ и го извадиле забот „затоа што беше совршено изваден“.
Во врска со драмата околу Оазис која заврши со негово исфрлање од бендот, Лиам е на став дека никогаш нема да му прости на Ноел за тоа што го „фрлил под автобус.“
„Тој само се провлекуваше низ бендот, ги искористуваше луѓето и ги фрлаше и потоа сите нè поеба за да може да напредува неговата посрана мала космичка поп кариера. Го смени тапанарот: направи да е невозможно Боунхед (Пол Артурс) да биде во бендот; Гигси си отиде; Вајти си отиде.
Ама пак не му беше доста. Ама немаше муда за да ме смени. Една минута сум таму, следната ме фрли под автобус, ко да сум ебан тапанар. Заеби тоа, јас сум Лиам Галагер, муда имам искинато од пеење, јас сум гласот на бендот, и сега сакаш јас да исчезнам и да бидам насмеан за целата работа? Нема да може другар.
Ако те видам во Мерилебон (лондонската населба во која што живее Ноел), подобро да си со обезбедување и гледај да го плаќаш добри пари, иначе подобро ќе ти биде да почнеш да бегаш, другар. Е толку сум накурчен.
Меѓутоа освен тоа прилично сум среќен,“ објаснува Лиам.
Како дел од интервјуто, новинарот на Гардијан му дава на Лиам прашања од фанови:
Кој е најдобриот човек во рокенролот за да испиеш пиво со него?
- Јас. Затоа што ги плаќам и ги пијам куров ми со тебе и добро ќе се изнасмееме. Чекај, прашува кој јас мислам дека е најдобар? Што знам, не многу луѓе пијат деновиве, така? Сите омекнале. Ричард Ашкрофт е добар пијач. И Вилер беше, ама сега престана.
Да можеш засекогаш да избришеш една работа на светот, што ќе избереш?
- Манчестер јунајтед. Се што прават е да трубат за своето минато. Слушај: минатото беше ваше ама иднината е наша. Или моја.
(Лиам е закоравен навивач на Манчестер сити.)
Дали некогаш си побарал селфи или автограм, или си бил толку запрепастен од некоја славна личност што не си знаел што да кажеш?
- Го замолив Пол Мекартни еднаш да ми потпише програма, ама не беше за мене, беше за директорот на училиштето на син ми. Му беше 60-ти роденден а тој е огромен фан на Битлси и општо на музика. Со Пол се видовме во бекстејџ во Ројал Алберт Хол. Очигледно, цело време зборам за Ленон, ама останав без зборови кога прв пат го запознав Мекартни. Исто така минав и со Ринго. Тоа беше првиот Битлс што некогаш сум го сретнал. Ринго е закон.
Има ли нешто што пари не можат да купат?
- Не можат да купат среќа. Можат да залечат и такви работи, може да се држиш на дистанца, ама вистинската среќа доаѓа од знаењето и прифаќањето, ме разбираш? И очигледно не можат на Манчестер јунајтед да му купат шампионска титула.
Што најмногу те иритира кај луѓето?
- Ова со селфито. Иако не ми пречи да го правам. Таа генерација е како ебана болест. Никој веќе не доаѓа и не те прашува за автограми, не дека па тоа беше подобро. Никој не доаѓа и да каже „како си?“ Па така барем ќе седнам и радо ќе имам 5-минутен разговор со некого. Луѓето веќе не обрнуваат ебано внимание на други луѓе. Којзнае што се случува.
****
А како за нервозен дечко одлично ги издржа дечурланава