Лијам Галагер отворено призна дека би сакал Оезис повторно да бидат заедно, за што гласини постојат уште кога тој го растури својот подоцнежен бенд Биди Ај во 2004.
Верувам дека Оезис повторно ќе плови и тоа ќе биде величенствено. Навистина, се работи за фановите, Ноел, дај да го направиме тоа, тие тоа го бараат од нас. Една турнеја од година дена. Ќе искршиме. Моите торби уште не се распакувани од последната турнеја, така што, јас сум спремен!
Ако дотука се чита интервјуто, човек ќе заклучи дека тој едвај чека да биде повторно заедно со братот и другарите од бендот. Но, интервјуата треба да се читаат до крај:
Мислите дека мене ми се седи во бенд со него? Тој наоколу зборува дека "Лиам треба да се смени". Оди еби се! Ако дечкото нејќе да ме викне во нашиот бенд, ни јас не сакам!
За магазинот Q Лијам рече и дека неговиот брат страда од "комплекс на мал човек" и дека секогаш кога тој имал тонска проба, овој стоел на средина и пеел за да го ремети.
Инаку, Ноел него своевремено го има опишано со брилијантно описна дефиниција:
"Во свет од супа, Лијам е човек со вилушка."