Во ниедно време Ленон му ја донел на Макартни идејата за музиката и текстот. А целиот текст на песната ‘You Know My Name (Look Up the Number)’ е тој - ‘You Know My Name (Look Up the Number)’.
- Толку? - прашал Макартни?
- Толку - рекол Ленон. - Ајде да ја правиме ко мантра.
Макартни се согласил и песната се најде на Б страната (долго е за објаснување што е тоа Б страна) на синглот "Let it Be“. Подоцна рече дека никогаш не разбра што е финтата и дали ова бил еден од првите ишарети на Ленон за Јоко Оно.
Песната е заебантска, забавно репетививна, како текстот тера тоа па тоа, музиката фаќа накај свинг и добива еден фин монтипајтоновски шмек. Дечките од Битлси сакале на неа да го имаат и Брајан Џонс од Стоунси, пошто се имаат дружено и сакано. Џонс дошол и бил малку нервозен, со некаква трема и склет зашто ќе свири со Битлси.
Мислеле дека ќе дојде природно со гитара, тој во Еби Роуд дошол со саксофон. Ене го некаде при крај на песната.