Музика

715 бустери на расположението

Научна студија на двајца истражувачи од лондонскиот Квин Мери Универзитет резултирала со  импозантна плејлиста од 715 песни за кои се тврди дека го подобруваат расположението и го имаат  оној ефект кога песната „те дига“. Шеренолика е тоа листа пошто кога си сјебан, бадијала е да слушаш „раке пуке, раке шлаке“ па има и такви како Алелеуја на Коен или „Tears in Heaven“ на Клептон.

Хрватите се шокираа од својот музички (не)вкус

Во својата едиција „Хитови од светот“ Билборд деновиве извади листа од 25 најслушани песни во Хрватска. Главно, она што стварно се слуша нема врска со она што се пушта по радија или се рецензира по медиуми. Под радарот на тисучљетните комплетно незабележано поминал трапот, оној најлошиот, со аутотјун и турбо-фолк. Тја!

На Спотифај сепак останала музика од Нил Јанг

Откако минатиот месец бесно замина од стриминг платформата бидејќи не му паднаа на уцената и целиот свој музички каталог го вдоми на други стриминг сервиси, деновиве излезе дека сепак музика од Јанг легално останала на Спотифај.

Стинг му ги продаде сите свои песни на Универзал

Целиот животен музички каталог на Стинг заврши кај Универзал Мјузик Груп, вклучително сите соло нумери и материјалот од Полис, за сума од 250 милиони долари.

Новата музика ја губи битката со старата

Старите песни во моментов претставуваат 70 отсто од музичкиот пазар во САД. Оние кои живеат од нова музика - особено загрозениот вид познат како музичар - нема многу леб да се најадат. Сиот пораст во музичкиот свет денес доаѓа од старата музика а најголемите инвестиции се во купување каталози на автори кои се или починати или имаат 70-80 години.

Ништо од тужбата од бебето на Нирвана

Спенсер Елден кој како голо бебе се појавува на обвивката на „Неврмајнд“ албумот на Нирвана, го тужеше бендот тврдејќи дека бил жртва на сексуална експлоатација на деца.

Шејн од Поугс: Не сум убав како порано

Добивам подбрадок како на мисирка и лицето не ми е убаво како некогаш, вели во интервју за Гардијан никогаш убавиот Шејн МекГауен, кој, сепак, би сакал да биде глумен од  - Леонардо Ди Каприо. Лошо спие, не му е гајле како ќе биде запамтен ама нејќе кога од публика ќе му добацат дека е дебел.

Види ја ти Меркелка!

Оној нашион што редовно ја викаше Цеца дур беш струмички кмет, од премиерска позиција  за музичка порака ја имаше одбрано Рибља Чорба. Ангела Меркел, за проштална песна одбра една од - Нина Хаген! Ја контате ли разликата, глупи „прогресивци“?

Битлските кои досега не ги знаевме

Феноменална „саудаде“ приказна за една ливерпулска четворка, а не е онаа. Неколку девојки од градот, инспирирани од своите музички идоли, во раните 60-ти години решаваат да го направат првиот комплетно женски бенд по тој урнек. Првото проблемче им е - што не знаат да свират.

Хендрикс не стигна во Ројал Алберт Хол

Виолинисти обично не прават вести освен кога се работи за некој скандал или контроверза или пак кога во прашање е Најџел Кенеди. Овде ги има двата елемента.

Не знам како ќе се спасат луѓето кои се заплеткаа во социјалните мрежи

Партибрејкерси пред некој ден имаа концерт на белградски Ташмајдан а во пресрет на концертот, Цане даде интервју. Малку од првото, малку од второто.

Клептон нема да свири онаму кај што ќе се бара ковид аусвајс

Ерик Клептон најави дека ќе одбива да свири во сали и места каде што ќе се пуштааат само луѓе кои ќе докажат дека се вакцинирани. Може ви делува тоа антиваксерски, ама, замислете Битлси и Стонси да инсистираа да свират само пред публика вакцинирана од заушки.

Милорд за сите времиња

„Можеби не бев најдобар син ама ти беше најдобар тато,“ напиша Марко Марјановиќ за својот татко кој почина од коронавирус на убави 89 години живот. Ѓорѓе Марјановиќ стана легенда поради својата сценска експлозивност и страст со која царуваше на бината.  Петар Луковиќ забележува дека тој прв се одважува да го симне микрофонот од сталак и со него да прошета низ публика, пореметувајќи ја дотогаш прибраната и штиркана естрада.

Принц има 8.000 необјавени песни

Ги ставал во сеф ама го заборавил пасвордот. Неговите наследници го имаат кракнато и сега може да издаваат по еден албум годишно цел милениум. До 3.000 годдина.

Русинот што беше заробен во кинеско реално шоу

27-годишниот Владислав Иванов повеќе од 3 месеци ја молеше кинеската публика да го изгласа за напуштање на реалното шоу за создавање на следниот кинески бој-бенд. Конечно му успеа.

И касетата воскресе, вајстина воскресе

Иако тешко ќе најдете постар читател на овој сајт кој нема некоја лична хорор приказна за тоа како неговата омилена касета била изџвакана од некој касетофон, или пак таков кој е полн себе што „младиве денес“ појма немаат како касетите биле мотани со молив, ова инфериорно но слатко чудо навистина се враќа на сцената.

Брзи тестови рок концерти раѓаат

Шпанија го имаше најмасовниот настан во Европа досега, одржан во услови на пандемија. На рок концерт дошле 5.000 луѓе кои дента минале негативни на брз корона тест.

Има правда: Леми заврши како куршум

Бучноупокоениот фронтмен на Моторхед беше кремиран а неговата пепел била ставена во куршуми кои биле поделени на најблиските пријатели. Така сакал Ѕверот. 

Мамфорд го избркале гитаристот зашто станал десничар

Мамфорд енд санс се собрале и решиле дека после 14 години поминати заедно, за гитаристот и бенџоист Винстон Маршал веќе нема место во бендот. Многу нагнуел накај десно.

Поради социјалните мрежи, никогаш веќе нема да видиме друг Лу Рид

Ветеранот на рок фотографијата чие презиме судбински го врза за таа сцена, Мик Рок, зборува  за раѓањето на некогашниот андерграунд и објаснува зошто мисли дека тоа нема повторно да се случи.

Селма замина преку прозорецот

Селма Бориќ, жената по која е напишана прочуената песна на Бијело дугме, почина во Загреб во 92 година од животот. Веста за нејзиното заминување ја објави Жељко Бебек.

Ник Кејв удри по ББЦ заради унаказување песна

Откако Џон Клиз ја оцени актуелната „административна управа“ на BBC за здружение на кукавици кои не заслужуваат ни пени од своите дебели плати, британскиот бродкастер го подбра и Ник Кејв поради шупачката одлука да „избањаат“ една од најубавите божиќни песни, неповторливо тажниот противотров на вообичаените празнични тралалајки, химната на оние со скршени соништа и неисполнети копнежи, „Њујоршката бајка“ од Поугс.

2020-та не си ни за слушање

Не сте/сме стари ама нешто што се вика „Бед Бани“ е најслушаниот музичар во 2020 на Спотифај на светско ниво, а неговиот албум по име „YHLQMDLG“ ја има истата титула во категорија на албуми.

Се отштека Еди Ван Хален

Музичкиот виртуоз кој никогаш не научи да чита музика, го изгуби дуелот со ракот. Еди Ван Хален имаше 65 години.