Иванов, кој течно зборува мандарински, првично се приклучува на шоуто како преведувач, меѓутоа продуцентите импресионирани од неговиот физички изглед го убедуваат да се пријави како натпреварувач. Тој го прифаќа ова, и на крај, заради договорот што го потпишува останува заробен се до неодамнешното исфрлање.
Русинот стигнува станува еден од 25-те финалисти за бој-бендот пред гледачите да се откажат од него, иако за цело време не престанува да покажува крајна незаинтересираност со што било поврзано со шоуто - од бездушно пеење и рапување, до нешто налик танцување.
„Учествување во бој-бенд не е мојот сон и јас не знам да пејам и танцувам. Се надевам дека судиите нема да ми дадат поддршка.
Немојте да ме сакате, немате да добиете никаков резултат од мене,“ изјавил Иванов на шоуто.
Сите овие најискрени апели на Иванов, кој настапува под името Лелуш, од публиката се протолкувани како дел од неговата персона и ликот што сака да го продаде.
Најголемото олеснување за Иванов е што не стана еден од 11-мина кои со договор се обврзани да го оформат бој-бендот.