Мамфорд го избркале гитаристот зашто станал десничар

Мамфорд енд санс се собрале и решиле дека после 14 години поминати заедно, за гитаристот и бенџоист Винстон Маршал веќе нема место во бендот. Многу нагнуел накај десно.

Маршал наводно последниве четири години се свртел кон цврсти десно ориентирани политички ставови. Ситуацијата демек кулиминирала со неговата објава на Твитер во која ја фали книгата „Unmasked: Inside Antifa's Radical Plan to Destroy Democracy“ од Енди Нго.

„Честитам Енди Нго. Конечно најдов време и ја прочитав оваа важна книга. Ти си храбар човек,“ гласи смртниот грев кој наводно ја прелил чашата на другарите од бендот.

Велат тешко било да донесат таква одлука ама морале, бидејќи Маршал почнал да му штети на угледот на бендот.

Инаку, Енди Нго во својата книга опишува како во 2019 година бил нападнат од милитантни антифашисти а ја деконструира и историјата и тактиките на движењето Антифа.

По други извори, бендот не го избркал туку овој се покајал што фалел погрешни страни па решил да земе некое време неплатено.

 

12 март 2021 - 12:37