Концертот на шпанскиот инди-поп бенд Love of Lesbian имал специјална дозвола од надлежните институции и бил организиран како експеримент чија цел е да се види како да се избегнат ковид кластери на масовни настани во кои нема да важат генералните правила за држење дистанца и негрупирање.
Концертот бил веднаш распродаден и на него дошле пет илјади луѓе кои на три пункта во Барселона дента можеле да направат брз корона тест па на мобилниот телефон да добијат код со кој купената карта за концертот се потврдува.
Цената на тестот била вклучена во цената на билетот кој изнесувал меѓу 27 и 33 долари. Лицата со срцеви проблеми, рак и други коморбидитети биле замолувани да не се пријавуваат за концертот.
Помал концерт со околу 500 луѓе бил одржан во декември а епилогот од него е дека со тазе скрининг и маски не се прават кластери на отворено.
„Ова е уште еден чекор кој ќе ни помогне да ја сочуваме способноста да имаме културни настани,“ вели вирологот кој ги дизајнирал правилата на концертот на Love of Lesbian.