На кој жив човек најмногу му се восхитуваш и зошто?
На себе - што да не?
Која своја особина најмногу си ја мразиш?
Мојата ароганција и суета.
Која особина најмногу ја мразиш кај другите?
Нивната ароганција и суета.
Кој бил твојот најрезил момент?
Одев на улица со еден другар Џими и мајка му. Имав дијареа и се испосрав во гаќи.
Настрана имотот, која е најскапата работа што си ја купил?
Имав еден идиот од менаџер кој ми набави одело од Армани и после ми зема пари за тоа.
Што најдрагоцено поседуваш?
Мојот живот.
Опиши се во три збора.
Ебено сум одличен.
Кој би сакал да те глуми во филм за твојот живот?
Леонардо Ди Каприо.
Кое е твоето најголемо разочарување?
Никогаш не сум си поставувал високи цели па не сум се разочарал со ништо.
Што те прави несреќен?
Добивам болести кои ги добиваат стари луѓе.
Што најмалку сакаш во твојот изглед?
Добивам подбрадок како на мисирка. Лицето не ми е убаво како некогаш.
Која е твојата најмалку посакувана навика?
Многу зборувам.
Што те плаши од стареењето?
Сè.
Во која позната си бил зацапан?
Во Мерил Стрип.
Книга поради која се срамиш што ја немаш прочитано?
Куранот.
Што си сакал да бидеш кога ќе пораснеш?
Музичар.
Што е најлошто кое ти го имаат кажано?
Некој од публика ми имаше дофрлено: Еби се, дебели!
Што би одбрал, слава или анонимност?
Слава.
Задоволство кое ти носи вина?
Пијачка.
Што сонуваше синоќа?
Веќе не сонувам. Ако имам среќа вооопшто да заспијам, сонувам црно.
Најлошата работа која си ја работел?
Помагав во колење животни во семејната фарма и гледав како моите тетки ги распоруваат за да им ја извадат утробата - така станав вегетаријанец.
Што ноќе те држи буден?
Лоши мисли.
Што би сакал да имаш повеќе: секс, пари или слава?
Пари.
Како сакаш да бидеш запамтен?
Не ми е гајле за тоа.
Што се случува кога ќе умреме?
Уште не знам.