Селма замина преку прозорецот

Селма Бориќ, жената по која е напишана прочуената песна на Бијело дугме, почина во Загреб во 92 година од животот. Веста за нејзиното заминување ја објави Жељко Бебек.

Текстот е на бањалучкиот поет Владо Дијак (има и робијано на Голи Оток), а песната се најде на првиот албум на Дугме. 

Владо и Селма се запознаваат во 1949 година, кога таа имала 16 години. Ниту тој ниту таа никогаш не си ги признале чувствата кои ги имале еден за друг.

Селма првпат ја слуша песната во 1975 година на концерт на Бијело дугме, кога после настапот му пришла на Горан Бреговиќ и му рекла: „Јас сум таа Селма“.

Жената се сеќаваше и на моментот кога Дијак ѝ помогнал со куферот на железничка станица, на првото запознавање.

„Ми помогна да влезам во возот во кој прозорецот беше скршен и тогаш ми рече: Селма, на наведнувај се преку прозорецот“.

Во едно нејзино гостување на ХРТ во 2001 година, ја изненадија со Бебек кој во живо ѝ ја отпеа песната која е посветена на неа.

 

29 јануари 2021 - 13:44