Клептон нема да свири онаму кај што ќе се бара ковид аусвајс

Ерик Клептон најави дека ќе одбива да свири во сали и места каде што ќе се пуштааат само луѓе кои ќе докажат дека се вакцинирани. Може ви делува тоа антиваксерски, ама, замислете Битлси и Стонси да инсистираа да свират само пред публика вакцинирана од заушки.

Како реакција на најавата на британската влада дека од крајот на септември, вакцинални пасоши ќе бидат задолжителни за влегување во ноќни клубови и слични места, Клептон најави дека нема да свири онаму кајшто му ја дискриминираат публиката.

„Во таков случај, го задржувам правото да го откажам настанот,“ порача тој преку Телеграм акаунтот на италијанскиот архитект и ковид скептик Робин Мороти, придружувајќи ја пораката со анти-локдаун песната „Stand and deliver“ “која ја спремија заедно со Ван Морисон а во која пејат: “Do you wanna be a free man / Or do you wanna be a slave?”

Пред некој месец, Клептон ги сподели своите лоши искуства после вакцинирањето, што го пренесовме во статијата „Како после вакцината ги изгубив прстите"

Студија со 68.000 луѓе во 15 земји покажа дека загриженоста околу недоволната тестираност и несаканите нус-појави се главни причини за колебливост околу примањето вакцина.

 

23 јули 2021 - 09:34