Во 2010 година, Принц ја одработува распродадената турнеја "Welcome 2 America", испорачувајќи микс од познати музички химни и хитови од неговите 39 студиски албуми. На таа турнеја недостасува само едно нешто: песните од "Welcome 2 America" – албум кој Принц го има напишано непосредно пред турнејата но никогаш го нема објавено ниту изведувано пред публика.
Тој албум се издава сега, 5 години откако Принц почина од несакано овердозирање со лекови против болки. Тој замина без жена и деца, за наследници се прогласени неговата сестра и петмина родини кои се заглавени во судски спорови околу наследството.
Неговиот фамозен сеф, а буквално се работи за сеф, бил отворен со судска и банкарска дозвола а за да го види и среди материјалот бил повикан Трој Картер, кој има соработувано со Принц, едно време беше менаџер на Леди Гага и директор во Спотифај.
„Сефот на Принц е легендарна работа,“ вели Картер.
Кога своевремено Принц му признал дека долго време нема отидено во сефот, Картер помислил дека тоа ќе го објасни со некаква уметничка одлука да не се навраќа на стари материјали туку да се фокусира на нови музички предизвици.
„Не, не, само го имам заборавено пасвордот“, му рекол Принц кој оттогаш новите материјали ги ставал во простории пред сефот па во таа намена се исполниле уште неколку соби.
Се проценува дека Принц има 8.000 неиздадени песни што е доволно материјал за еден албум годишно во следните 800-900-1.000 години.
Кога почина на 57 годиушна возраст, тој продаваше повеќе албуми од кој било друг жив музичар на светот.