Разликата е што на Спотифај повеќе го нема целосниот музички каталог на Јанг, меѓутоа на неговата Спотифај страна знае да се најдат негови песни што биле дел од „филмска музика или настани на кои тој учествувал ама се објавени од други ентитети“.
Пример „Heart of Gold“ (преслушана 240 милиони пати) уште е достапна како дел од саундтракот за филмот „Јади, моли се, сакај“, како и „Rockin' in the Free World“ кој е дел од компилацијата „100 најголеми класични рок песни“.
Пред да се повлече од Спотифај, Јанг на стриминг сервисот имал над 6 милиони слушатели месечно. Сега, бројката, без неговиот каталог, е падната на 4 милиони.