Таг: спотифај

На Спотифај сепак останала музика од Нил Јанг

Откако минатиот месец бесно замина од стриминг платформата бидејќи не му паднаа на уцената и целиот свој музички каталог го вдоми на други стриминг сервиси, деновиве излезе дека сепак музика од Јанг легално останала на Спотифај.

Рамбл го кани Роган за 100 милиони долари

Многу повеќе пари, многу повеќе поддршка и многу повеќе слобода е јавната понуда од ЦЕО-то на Рамбл за Џо Роган и неговиот подкаст да сменат платформа.

Нил Јанг, Спотифај, Роган, трет чин

Прво Нил Јанг му даде ултиматум на Спотифај дека ќе ја повлече својата музика ако не го тргнат подкастот на Џо Роган. Потоа, Спотифај одлучи да го задржи подкастот, па Јанг ја повлече музиката. За сега ова се заокружува со „акција“ од Амазон мјузик за 4 месеци гратис претплата за сите фанови на Нил Јанг.

2020-та не си ни за слушање

Не сте/сме стари ама нешто што се вика „Бед Бани“ е најслушаниот музичар во 2020 на Спотифај на светско ниво, а неговиот албум по име „YHLQMDLG“ ја има истата титула во категорија на албуми.

Бугарот што го искина Спотифај

Автор на плеј-листи на Спотифај наплати околу 1 милион долари од музичкиот сервис, за луѓе што преслушувале песни од неговите плејлисти. Авторот е Бугарин и веројатно тој е единствен човек меѓу тие што слушале музика.

Дали Imagine на Ленон е најлошата песна на сите времиња?

Не е до песната, до претерувањето е. Евергринот на Џон Ленон ја трпи истата судбина на "Македонско девојче," кога ќе ти ја отсвират во Бугарија или Србија за да ти направат мерак, а ти таа песна не ја можеш баш заради тоа.

Колку денес се слушаат најдобрите на сите времиња

Споредбата на популарноста на музиката некогаш и музиката денес се чини невозможна затоа што порано таа се продаваше во физички облик (плочи, касети, цд-а) а денеска таа се стримува. Но, можеби може нешто да се добие со споредба на двата параметри.

Принс отсвири повлекување

Лапајте наоколу музика од Принс додека ја има. Човекот сериозно почна да ги повлекува своите песни од веб.

Зошто Бијонсе има твитнато само 8 пати?

Затоа што девојката има нешто што се вика "дигитал менаџер" па така процениле дека треба.

Спотифај проговори

Тејлор Свифт пред премиерата на својот албум објави дека го повлекува целиот свој каталог од Спотифај, што беше пропратено и со соодветно писмо во кое таа ги објаснува своите причини (пари) и дилеми (пари) зошто се решила на тоа (пари). Сега ЦЕО-то на Спотифај и пиша на Свифт.

Албумот без звук заработи 20.000 долари

Вулфпек е бендот што објави албум на Спотифај кој беше составен од комплетна тишина, со исклучок на инструкциите на почетокот, во кои ти кажува да го пуштиш албумот и да си легнеш. Не се работеше за некаква критика на модерната музика и начинот на кој заработуваат музичарите, туку луѓето сакаа да соберат пари за турнеја.

Загарантирана откупна цена за емпетројки?

Секој пат кога некој ќе пушти песна на музичкиот сервис Спотифај, сопственикот на авторските права на песната добива меѓу 0,2 денари и 0,38 денари. По оваа математика, за бендот / артистот да заработи 1 денар неговата песна треба да биде пуштена 5, односно 3 пати (во зависност од тарифата).

Банерот од 400.000 долари на ден

Сервисот за слушање музика, Spotify, одлучи да се рекламира кај еден од своите најголеми конкуренти, ЈуТјуб, каде за почеток ќе купи тејковер банер на насловната страна.