Без намера сето ова да изгледа како добро планиран ПиАр скандал, Нил Јанг објави дека по заминувањето од Спотифај сите негови фанови добиваат по четири месеци гратис Амазон мјузик.
„Амазон е лидер во ширење на аудио со висок квалитет пред јавноста, и тоа е одлично место за уживање на целиот мој каталог во највисок можен квалитет,“ порачал музичарот.
Инаку, соработката со Амазон не е ексклузива, па музиката на Јанг (72 албуми) е достапна и на други големи стриминг платформи како Епл мјузик.
Во меѓувреме Спотифај најави дека ќе постави предупредувања за содржината пред спорните и сите други епизоди на тема ковид-19 и вакцинација.
Во неделата вечерта околу целата работа се огласи и Џо Роган, кој му се извини на Спотифај за драмата, порача дека и понатаму е фан на Нил Јанг, и дека иако и до сега имал разнолики гости во однос на ковид и вакцините, во иднина ќе гледа да донесе повеќе луѓе кои се на другата страна од дебата, наспроти Мекала и Мелоун.