Таг: џо роган

Трамп увреден што Џо Роган не навива за него

Во епизода објавена минатата недела Роган низ муабет споменува дека не му верува на ниту еден кандидат, освен на Роберт Кенеди помладиот. На Трамп не му беше по мерак да го чуе ова.

Џо Роган немаше појма ама беше во право за вакцините

Со доволна дистанца од целата неподнослива галама околу ковидот и вакцините, Крис Куомо, во тоа време еден од главните ликови на Си-ен-ен признава дека Роган излегол во право околу вакцините и посебно ивермектинот. Неговото алиби е - кој да знае тогаш.

 

Службите си работат

Такер Карлсон објаснува како не е важно кој е на власт во Америка и колку се излишни сите оние комитети и комисии за контрола на американскиот разузнавачки апаратус. Службите си работат.

Како разузнавачите ги инфилтрираа компаниите што ги водат социјалните мрежи

Едно е дека вработените на Твитер (пред доаѓањето на Маск) се ултрапрогресивни и тоа никого не изненадува дури и кога новинарите ја добиваат внатрешната комуникација меѓу вработените. Тоа што изненадува во оваа комуникација е како во неа константно се појавуваат ФБИ, ЦИА и слични, па приказната се претвора од 'гледајте прогресивците се пристрасни во модерирањето на Твитер', во 'постои огромна операција од американски функционери и сомнителни НВО за цензуирање на луѓе на Твитер'.

Џо Роган „го папаше“ заради пари и пица

Популарниот водител навлече бурни реакции од вечно дежурните разбудени кои везден бранат некого и се фаќаат за збор. Во случајов гревот на Роган е што рече дека не гледа ништо страшно во забелешката дека Евреите сакаат пари, слично како што Италијанците сакаат пица.  

Путин е болен од рак, а Кина е на 10 години од колапс?

Питер Зеихан е американски геополитички аналитичар кој со децении се занимава Кина, Русија, арапски свет и слични теми. Деновиве тој гостуваше кај Роган и даде ретко оптимистички (за САД) предвидувања за светот, во кои главно САД во иднината и немаат од што да се грижат, во однос на она што денес се смета за најголема закана - Кина и Русија.

Стив Џобс на подкаст кај Џо Роган

Звучи неизводливо затоа што и е неизводливо, ама не и невозможно. Се работи за добро увежбана вештачка интелигенција која „преслушала“ илјадници часови епизоди од подкастот на Роган и од говори на Џобс, и двете ги споила во сосема пристојно парче муабет како за вештачка интелигенција.

Како да не прегориш после пладне

Математиката е едноставна, немој утрото да го стартуваш на кофеин, ако сакаш телото да ти е уште употребливо околу 14-15 часот. Препораката на Хуберман е да поминат најмалку 90 минути од будење пред првото кафе / чај.

Кошмарот на повлекување од Авганистан, раскажан од човек што бил таму

Еден од американските тимови за извлекување за неколку мигови задоцни во спасувањето на една новинарка од Кабул. Талибанците стигнаа пред нив и ја заробија. Како што возилата им се пресретнаа, Талибанците застанаа, ја извадија новинарката, ја ставија на хауба и ја застрелаа во глава, гледајќи го во очи американскиот тим. И ова е само еден дел од сведоштвото и случувањата.

Здраворазумници

„Нас двајцата нè гледаат како здраворазумници и мислам дека токму за тоа има најголем глад во Америка. Кога луѓе ќе ми кажат ’не ли мислиш дека си станат поконзервативен’, не, не сум. Левицата стана поблесава, па затоа јас можеби изгледам поконзервативен. Ама не сум јас тој што се променил,“ ќе му каже Бил Маер на Џо Роган во новото гостување на подкастот.

Две лекции за публика од шамарот на Вил Смит

Едната лекција е околу апсурдноста што луѓе и тука успеаа да најдат белечки расизам. Втората е за нешто многу поважно околу конкретниот инцидент и општо правило за во живот: ако можеш да зашамараш некого и да му свртиш грб и да си отидеш, тоа е сигурен знак дека од старт не си требал да го удриш тој човек.

Поранешен агент на ЦИА зборува за Украина и Путин

Меѓу другото, Мајк Бејкер, објаснува дека Американците имаат проблем да најдат некој близок на Путин со кој можат да работат. А како ги наоѓаат такви? Па лесно, главно со добро, ќе гледаш да му помогнеш на некого „чие дете има здравствени проблеми, или ќе му го запишеш детето на факултет во странство...“. Исто така, нема поранешен агент на ЦИА.

Како умираат местенките

Израел Адесанја е еден од најтврдите борци во УФЦ. Роден е во Нигерија, а професионалната боречка кариера ја почнува во Кина и Австралија пред да се префрли во УФЦ. Во УФЦ, има 23 борби, од кои 22 победи и еден пораз (кога реши да крене категорија и од средна да мине во лајт супертешка, околу 10 кг. разлика). Каков што му е уделот во ринг, таков му е и на прес-конференции. Пред последната борба Адесанја, неповикан, реши да каже два збора за Роган.

Рамбл го кани Роган за 100 милиони долари

Многу повеќе пари, многу повеќе поддршка и многу повеќе слобода е јавната понуда од ЦЕО-то на Рамбл за Џо Роган и неговиот подкаст да сменат платформа.

Нил Јанг, Спотифај, Роган, трет чин

Прво Нил Јанг му даде ултиматум на Спотифај дека ќе ја повлече својата музика ако не го тргнат подкастот на Џо Роган. Потоа, Спотифај одлучи да го задржи подкастот, па Јанг ја повлече музиката. За сега ова се заокружува со „акција“ од Амазон мјузик за 4 месеци гратис претплата за сите фанови на Нил Јанг.

Зошто не се трпат Хауард Стерн и Џо Роган?

Не се само коментарите за Ивермектинот, имаат тие и други закачки.

Едвард Сноуден кај Џо Роган

Речиси 3 часа приказни за стравови и ужаси од прислушувањето преку секојдневната модерна технологија.

Берни Сандерс беше на гости кај Џо Роган

Од неважни работи рече дека кога ќе стане претседател на САД ако открие дека владата го крие постоењето на вонземјани ќе се врати во емисијата и ќе објави сè што знае. Од важни работи кажа многу.

Магичниот круг на ужасот на социјалните медиуми

На Фејсбук и посебно Инстаграм луѓе изгледаат како да имаат подобар и посреќен живот отколку што стварно имаат. Луѓе ги гледаат ваквите фејк претстави, потајно мислејќи си - нит сум толку среќен, нит така добро изгледам, значи сигурно не ме бива. И кругот се повторува. Во реалноста, првите ниту се толку способни, ниту се толку среќни (добар дел страдаат од депресија и слично), а и никој не изгледа добро цело време; вторите, не се ни толку несреќни, ни толку грди. Дослушајте што друго имаат да кажат Елон Маск и Џо Роган на тема социјални медиуми.

Тајсон: „Како мал мајка ми ми давала ликер и марихуана за да заспијам побрзо“

Легендарниот боксер гостувал во подкастот на коментаторот на UFC Џо Роган и таму раскажал многу, многу детали од неговиот живот и кариера.