Трамп увреден што Џо Роган не навива за него

Во епизода објавена минатата недела Роган низ муабет споменува дека не му верува на ниту еден кандидат, освен на Роберт Кенеди помладиот. На Трамп не му беше по мерак да го чуе ова.

Како што изјавата отиде во етер, така Трамп на Трут соушл пишува: „Ќе биде интересно да се види колку многу Џо Роган ќе биде исвиркан следниот пат кога ќе влезе во УФЦ рингот??? МАГА 2024“.

Роган во епизодата објаснува дека не им верува на политичарите од двете страни бидејќи се манипулатори и „промовираат наративи“, со исклучок на Кенеди помладиот.

„Тој е единствен кој ми има логика. Тој не напаѓа луѓе. Напаѓа постапки и идеи, меѓутоа е многу поразумен и интелигентен,“ изјавил Роган во епизодата 2185.

Подкастерот и коментатор во истата епизода изјавува дека порано го сметал Кенеди за анти-ваксер и лудак по заговори, се додека не ја прочитал неговата книга „Вистинскиот Ентони Фаучи.“

Во петокот Роган, уште пред Трамп да го објави својот коментар, порача дека неговата изјава за Кенеди „не значи и поддршка за него“.


Малку требаше по ова за да се удри сеирот:

12 август 2024 - 10:37