Според ценовникот од февруари, тејковер банерот ќе го чини Spotify 400.000 долари на ден. Рекламата е дел од виралната кампања за бендот Феникс која во текот на денот требаше да се развива во 18 делови.
Ова е дел од големата маркетинг кампања на Spotify за промовирање на сопствениот сервис. Минатиот месец, тие платија 10 милиони долари за телевизиски реклами.
ЈуТјуб како најпопуларниот сајт за слушање музика е и еден од најголемите конкуренти на Spotify.
И покрај сумата ова не е најскапата цена за тејковер банер на интернет, цената на овој банер на насловната на Јаху е 600.000 долари на ден, меѓутоа генерално го продаваат за 450.000 долари.
Иста цена како ЈуТјуб има и насловната на АОЛ. Од поевтините, банер на страната за најавување на Фејсбук чини 100.000 долари, додека промовирана тема на Твитер е 120.000 долари