Таг: банери

Пријатели, да не се заборавивте малку со рекламата на дресот

Ова би прошло можеби во некоја друга земја, особено во нашиве краишта, ама во Англија регулативите на ФА се толку строги, што дресовите уште не доставени, ќе мора да ги враќаат назад. Назад!

Мрачната страна на блокирањето реклами

Блокирањето банери на интернет е тема на остра дебата уште од кога се појавува екстензијата Адблок во 2002. Во тоа време, таа е само мал страничен проект. Од тогаш, користењето на ад-блокери експлодира, и во декември 2016, 615 милиони уреди на интернет имаат блокирано реклами.

Банер Елдорадо на Снапчат

Во јануари Снапчат воведува нова алатка во која на неколку медиуми им дозволува да отворат сопствен канал на социјалната мрежа (малку поразличен од регуларниот). Им дозволија и да продаваат реклами на своите канали. И, беа продадени.

Банерот за избраниот Мојс оди на аукција

Група навивачи на Манчестер Јунајтед ќе го стави на аукција знамето кое неколку месеци стоеше на Олд Трафорд, а со кое му се посака добредојде на „избраниот" наследник на Сер Алекс Фергусон лани.

Легендата за Фејсбук и банерот од 2,5 милиони долари

По речиси цела година зборување и најави, Фејсбук во март почна да нуди и видео реклами (со аутоплеј), по цена од околу 2,5 милиони долари од закуп. Сумата на ниво на Супер Боул реклама, не тек така залепена.

Банерот од 400.000 долари на ден

Сервисот за слушање музика, Spotify, одлучи да се рекламира кај еден од своите најголеми конкуренти, ЈуТјуб, каде за почеток ќе купи тејковер банер на насловната страна.

Колку би платиле за интернет без реклами?

Во најава е апаратче кое ветува дека ќе ви го врати интернетот онаков каков што го сакате и ќе ги блокира сите досадни и иритирачки банери на вашите омилени веб сајтови. Нормално, кваката е во тоа што ако апаратчето стане ултра популарно, добар дел од вашите омилени сајтови нема да постојат.