Опцијата ја добија канали како СиЕнЕн, ЕСПН и Вајс, а договорот со Снапчат за рекламирање им е 70/30 во корист на каналите ако тие сами ги продадат рекламите или 50/50 ако Снапчат ги продаде.
Според неофицијални податоци ЦПМ (трошок за 1000 прегледувања) на каналите бил 100 долари (или 10 центи за една прегледана реклама). Сумата е двојно поголема од отколку што наплаќаат најголемиот дел од видео сервисите, а неспоредливо многу со цените на регуларни банери во САД. (Во МКД по ЦПМ за банер е 200 денари, односно 0,2 денари по преглед*)
"Извори од индустријата тврдат дека каналите добиваат околу 10 центи по импресија, а дневно имаат меѓу 500.000 и 1 милион прегледувања. Ова значи дека тие за своите содржини заработуваат од 50.000 до 100.000 долари дневно," објаснува Курт Вагнер во РеКод.