120 долари ќе чини "AdTrap", мало компјутерче возено на Линукс кое се поставува меѓу модемот (она што ни носи интернет дома) и вифи рутерот (она што ни го распрскува интернетот по дома).
Ветува дека ќе ги блокира сите можни рекламни банери и други адвертајзинг досетки кои знаат да ги заморат читателите на веб сајтови.
Преку Kickstart vо тек е акција за јавно прибирање пари и претплати на апаратчето. Доколку се соберат потребните средства, апаратчето ќе почне да се произведува.
Дел од корисниците на интернет на своите прелистувачи веќе имаат разни блокатори на реклами, но "AdTrap" ветува дека е далеку подобар од сите нив и лесно се апдејтира за да ги лови новите форми на рекламирање. Повеќето од нив ги користат блокаторите не од естетски причини туку поради фактот што сите тие силни флешови можат да ја забават работата на компјутерот.
До 22 декември луѓето кои го направиле AdTrap треба да соберат вкупно нарачки од 150.000 долари. Во моментов се на околу 60 проценти од саканата сума.