Урбаниот мит за тоа како е стигнато до цената е следниот:
Пред неколку години луѓето од продажба на Фејсбук одат во обиколка на големите маркетинг агенции обидувајќи се да ги убедат да почнат да пуштаат кампањи на Фејсбук. Агенциите најмногу работат (и се трудат) околу клиенти со буџети за ТВ реклами од десетици милиони долари. Кога тие виделе дека дури и голем клиент може да потроши само дел од овие пари на Фејсбук и да добие позитивен РОИ, агенциите сериозно се вознемириле. На прва, ова нема логика: Зошто не би сакал да му кажеш на клиентот дека постои евтин и ефикасен начин за генерирање на нова продажба?
Одговорот е дека маркетинг агенциите не се заинтересирани за евтино и ефикасно. Тие сакаат големи ТВ буџети, каде често не е јасно колкав е РОИ. Агенциите земаат паушал и процент од овие буџети, па колку се тие поголеми толку поголем ќар имаат агенциите.
Луѓето од продажба на Фејсбук се враќаат од овие состаноци размислувајќи - ако агенциите не сакаат да потпишат договор без буџети во милиони долари, тогаш да им дадеме производ кој чини милиони долари.
По ова тие се враќаат кај агенциите со следниот предлог: "Секоја вечер имате дофат до 100 милиони луѓе на Фејсбук, дали би купиле видео реклама што чини 2,5 милиони долари?"
Одговорот од агенциите е потврден. Ваков буџет прави разлика кога се во прашање финансиите на агенциите.