2020-та не си ни за слушање

Не сте/сме стари ама нешто што се вика „Бед Бани“ е најслушаниот музичар во 2020 на Спотифај на светско ниво, а неговиот албум по име „YHLQMDLG“ ја има истата титула во категорија на албуми.

Ова се официјалните бројки објавени од Спотифај за годинава, и според нив Порториканецот Бед Бани бил пуштен повеќе од 8,3 милијарди пати од фанови низ светот. На второ место е Дрејк, а на трето латино ѕвездата Ј Балвин. Били Ајлиш е најстримуваната музичарка и тоа втора година по ред, по нејзе на списокот се Тејлор Свифт и Аријана Гранде.

Иако го нема во топ 3, „Blinding Lights“ на Викенд со 1,6 милијарди преслушувања е најслушаната песна на Спотифај. На второ и трето место се „Dance Monkey“ од Тоунс енд ај, и „The Box“ на Роди Рич.

Албумот „YHLQMDLG“ (Yo hago lo que me da la gana) на Бед Бани имал над 3,3 милијарди стримови, што придонело за шампионската титула на пејачот. Кај албумите на второ место е „After Hours“ на Викенд и „Hollywood's Bleeding“ на Пост Мелоун.

Кај подкасти „Џо Роган Експириенс“ го држи првото место на Спотифај, а на второ и трето се „ТЕД токс дејли“ и „Д Дејли“ на Њујорк тајмс.

2 декември 2020 - 10:11