Види ја ти Меркелка!

Оној нашион што редовно ја викаше Цеца дур беш струмички кмет, од премиерска позиција  за музичка порака ја имаше одбрано Рибља Чорба. Ангела Меркел, за проштална песна одбра една од - Нина Хаген! Ја контате ли разликата, глупи „прогресивци“?

Како и нејзините претходници на канцеларската позиција, и Ангела Меркел ќе биде испратена со воена церемонија (Großer Zapfenstreich) во дворот на германското министерство за одбрана.

Како и нејзините претходници, и таа има право да одбере три проштални песни. Но ако Герхард Шредер и Хелмут Кол одбраа музички зицери за поводот - My Way од Синатра и Ода на радоста од Бетовен - дел од музичкиот избор на Меркел остава впечаток дека и после 16 години како го држи кормилото на моќната Германија, не знаеме баш сè за таа жена.

Првиот избор ѝ е „Großer Gott, wir loben Dich“ (Велики Боже, го славиме името твое) е популарна христијанска химна од 18 век, што е омаж за нејзиното растење како ќерка на протестантски пастор и на религиозниот идентитет на нејзината партија, Христијанско-демократската Унија.

Вториот пик на Меркел е „Für mich soll’s rote Rosen regnen“ (За мене треба да врнат црвени рози), на Хилдегард Кнеф, песна за тинејџерските амбиции и носталгија за младешката ароганција. 

Но, затоа третата песна е тотална чуденка и станува предмет на толкувања, што тоа Меркел сака да ни каже на испраќање. Се работи за песна од ултра неконвенционалната Нина Хаген, прочуена германска панкерка и бунтџија.

Пазете ова:

ЕДИТ: Ок, иако горната верзија беше наведена од Гардијан, пријатели од Немачка ни сугерираа дека најверојатно се работи за оваа верзија на Нина, кога беше девојчурак што почнува да пее по шлагерски фестивали во ДДР а причата е дека таа отишла на излет со Михаел а црепот, наместо колор земал црно-бел филм. Утка што не може а да не биде опеана:

Енивеј, бек ту (2013) риалити.

 

30 ноември 2021 - 13:18