„Го фрли сакото во публика.... И тогаш се случи. Жилбер Беко беше поразен. Роден е Кралот. Критичарите викаа дека нема глас, обожавателите дека нема конкуренција. Но што му можеше критиката; можеше само да му плукне под пенџере.
Многу години пред Горбачов, Марјановиќ внесе музичка перестројка во Советскиот сојуз. Црвениот плоштад беше широк. Пред Русите чекореше Ѓорѓе Марјановиќ. Кај нас беше исто како во Советскиот сојуз. Заборававме на пленуми и конгреси, либерали, левичари, ревизионисти и анархисти.
Многу години подоцна, Мадона во публика фрли долна облека. Беше доцна, Ѓорѓе Марјановиќ на многумина им беше прв“.
Петар Луковиќ, во книгата „Подобро минато“