Листата "Croatia Songs" донесува 25 песни а се темели на резултатите од музичкиот стриминг и дигиталната продажба на песни во Хрватска кои ги собира и анализира компанијата MRC Data.
Многу мина се шокирани списокот на она штоп навистина се слуша во дигиталниот свет нема апсолутно никаква врска со идејата каква музика се слуша во Хрватска, ако се суди по радио станици и други прописни медиуми.
На првото место господари Сенидах со песната „Бехуте“ а следат куп трапови, што регионални, што хрватски.
Одма да го решиме тоа. Сенидах, Бехуте, 11 милиони прегледи.
После ова следуваат Јала Брат, Девито и Буба Kорели со песната „Розе,“ па МЦ Стојан и Бресквица со „Живот си мој“, па Цоби со „Златно дете“ па дури на петто место се хрватските Матија Цвек и Ени Јуришиќ со песната „Требаш ли ме“.
Од 25 најслушани песни, само три се хрватски.
Од 25 најслушани песни, само една е странска - Блек Самер на Ред Хот Чили Пеперс.
Ако одите во Хрватска, треба да ја знаете и второпласираната, да не кмишите на журки како несреќи.