„Не знам ама баш ништо за скали и музичка теорија,“ изјави Ван Хален за Рoлинг Стоун во 1980 година. „А не сакам да ме гледаат ни како најбрзиот гитарист наоколу, спремен да ја потепа конкуренцијатa. Сè што знам е дека рокенрол гитарата, како и блуз гитарата, треба да биде мелодија, брзина и вкус и што е уште поважно, да има емоција. Јас само сакам моето свирење да ги натера луѓето да почувствуваат нешто; среќа, тага па дури и напаленост.“
Едвард Лодевијк ван Хален е роден во Нијмеген, Холандија, во 1955 година. Со семејството доаѓа во САД на осумгодишна возраст. Брат му Алекс почнува со гитара а тој со со тапани. Изнервиран што не може да ја убоде „Wipe Out“ од Сурфарис, ги баталува тапаните, се фаќа за гитара и не ја пушта.
И да, оние клучни синтисајзери на Jump се на негово инсистирање.
"Беше најдобриот татко што може да се има. Секој момент што го имав со него на сцена и надвор од неа беше подарок", напиша син му Волфганг Ван Хален.