Нестандардниот, живописен и ексцентричен Најџел Кенеди е најпродаваниот виолинист на сите времиња но истовремено е и долгогодишен фан на музиката на Џими Хендрикс.
Проблем.
Тој реши да го откаже настапот во Ројал Алберт Хол затоа што домаќинот на настанот, радиото Класик ФМ, инсистирал тој да се држи во Четирите сезони на Вивалди, дело чија интерпретација му донесе светска слава и огромен тираж во 1989 година, но овој сакал во настапот да има и трибјут за Хендрикс. Па му правеле опструкции, му отстапиле премалку време за вежбање и инсистирале да работи со диригент, што овој никогаш не прави.
Кенеди отворено и гласно обвини дека се работи за културни предрасуди и за музичка сегрегација и почна Класик ФМ да ги нарекува Џурасик ФМ.
„Ако ваква сегрегација се примени на живи луѓе, тоа би било кривично дело. Ама тој менталитет сè уште го има во уметноста. Со други зборови, тие отворено порачуваат дека Хендрикс е добар за Марки клуб но не и за Ројал Алберт Хол,“ вели Кенеди.
Тој во многу наврати го има изведувано Хендрикс и тој кросовер секогаш е интересno да се чуе (и види).
Purple Haze со полскиот камерен оркестар:
Hej Joe, од неговата Хендрикс турнеја, во Оксфорд: