Ова е најголемата зделка за УМГ од 2020, кога го купи комплетниот каталог на Боб Дилан наводно за 300 милиони долари.
Изминатава година музичката индустрија, помогната од инвестициски фондови се даде на трошење пари за купување музички каталози од имиња како Дејвид Боуви, Флитвуд Мек, Тина Тарнер, Блонди, Тејлор Свифт и Шакира.
„За мене е апсолутно клучно моето животно дело да има дом во кој ќе биде почитувано и вреднувано - не само за да се поврзе со долгогодишните фанови на нов начин, туку и за да се претстават моите песни на нова публика, музичари и генерации,“ порачал веќе 70-годишниот Стинг.
Стинг од крајот на 1970-те и почетокот на 1980-те беше фронтмен, басист и главен автор на текстовите на Полис, по што се префрла на соло кариера. УМГ и претходниве 20 години беше матична куќа на Стинг.
Привлечноста на ваквите зделки е што инстантно создава финансиска безбедност на музичарот, обично во поодминати години, а новиот сопственик на правата обично се надева дека парите ќе ги извади низ годините преку најразлични извори на приходи од лиценцирање и директни изведби, до производи и преработки.