Рејџ предводат бојкотирање на сали кои шпионираат

Том Морело и Зак де ла Рока од Rage Against the Machine предводат листа од преку 100 музичари, уметници и организатори кои инсистираат од салите во кои настапуваат да биде отстранет софтверот за фацијално препознавање.  Таа технологија е страшна кога е непрецизна, уште пострашен е светов во кој таа работи 100 посто совршено.

Во барањето организирано од активистичката група Борба за иднината, се наведува дека потписниците ќе ја бојкотираат секоја локација што ќе ги користи ваквите системи со камери. Понудија и извештаи дека Медисон Сквер Гарден ги идентификувал адвокатите вклучени во судски спор со сопствениците на Медисон и ги отстранувал од шоуата.

„Музичката индустрија се опоравува од вестите дека сопственикот на иконичното њујоршко место, Медисон Сквер Гарден, користи препознавање лица за да идентификува, вознемирува и забранува луѓе“, соопшти организацијата. „Овој инвазивен биометриски надзор не е безбеден, особено за црните и кафеавите луѓе кои бивале неправедно исфрлани од јавни места поради вградената дискриминација во технологијата“.

Последниве неколку години, коалиција на музичари, музички фанови и групи за човекови права обезбедија ветување од 40 големи светски музички фестивали, вклучувајќи ја и Коачела, дека нема да користат софтвер за препознавање лица на нивните настани.

И покрај тоа, оваа технологија сè повеќе се шири, не само како алатка за надзор, туку и како форма на безхартиено издавање билети и плаќање.

„Оваа технологија е толку непрецизна што создава повеќе штета и проблеми отколку што решава. Но, уште пострашен е светот во кој целата технологија за препознавање лице работи 100% совршено - со други зборови, свет во кој приватноста не постои, каде што сме идентификувани, набљудувани и надгледувани, каде и да одиме“, вели Лејла Нашашиби, активистка на „Fight for the Future“.

 

24 јуни 2023 - 20:40