„Нема ништо добро во стареењето,“ порачува фронтменот на Ролинг Стонс, прашан за тоа што во стареењето е добро, во физичка и метафизичка смисла.
На новинарот не му се верувало дека нема ама баш ништо добро па потпрашал за мудроста за која се вели дека доаѓа со годините и зрелоста.
Џегер и за ова ја одбегна патетиката:
„Ја имам заборавено целата моја мудрост. Ми имаат паднато неколку бисери ама сите сум ги заборавил“.
Вели дека нема ништо пријатно во старењето бидејќи не можеш да ги правиш работите толку брзо колку што сакаш. А физички треба да си повнимателен па го дообјаснил тоа со пример од фудбалот: „Кога играш фудбал, често те ставаат на гол а јас не сум баш добар на таа позиција“.
За улогата на рок ѕвезда сиве овие години и децении вели дека тое е проблематично слично како кај оние актери кои ќе влезат во лик и потоа тешко излегуваат од него, иако филмот или претставата завршила.
Запрашан на кој лик најчесто му се враќа, Џегер вели дека останува во истите ликови: оној што настапува на стадион, оној што пишува песни, оној што дава интервјуа...
Единствената добра работа во стареењето ја гледа во пишувањето песни затоа што со текот на времето научил да вметнува и пошироки теми како што е политиката. Признава дека тие песни не би умеел да ги напише кога имал 30 години.
„Научив да правам песни за лични односи, а потоа да додадам и стих за политика. Тоа е трик што го научив од некои други текстописци, бидејќи никој не сака да слуша цела песна за политика или социјални проблеми“.
Еве една таква ('The only club was called conspiracy / What they wanted was tyranny') од новиот албум: