Нил Јанг им порача на луѓето од Гренланд дека преку неговата веб страница може да се регистрираат за едногодишен бесплатен пристап до комплетната негова музика.
Тоа обично би чинело меѓу 24,99 и 99,99 долари годишно.
„Се надевам дека мојата музика и други дела ќе ублажат дел од неоправданиот стрес и заканите што ги доживувате од нашата непопуларна и, се надеваме, привремена влада“, порача Јанг изразувајќи солидарност со луѓето од замрзнатиот остров кој станува сè пожежок.
Во октомври 2025 година, тој ја повлече својата дискографија од Амазон во протест против сопственикот Џеф Безос и неговата поддршка за администрацијата на Трамп. Деновиве потврди дека неговата музика никогаш нема да се врати на Амазон додека е во сопственост на Безос.
„Постојат многу начини да се избегне Амазон и да се поддржат американски лица и американски компании кои ги нудат истите производи. Јас го направив тоа со мојата музика и луѓето што ја бараат можат да ја најдат на многу други места, “ вели 80 годишниот рокер.
Музиката на Нил Јанг беше повлечена од Спотифај во јануари 2022 затоа што нејќеше да биде на иста платформа со Џо Роган и неговиот подкаст. Јанг беше убеден дека Роган шири дезинформации околу ковидот. Подоцна добар дел од тоа што се кажа кај Роган се покажа како вистинито.
Две години подоцна, Јанг ја врати музиката на Спотифај, објаснувајќи дека е бесцелно да се напушта платформата кога Роган веќе е достапен и на Епл, Јутјуб и - до лани - на Амазон.
********
Види и:
Нил Јанг го уцени Спотифај: Или јас или Џо Роган!
Нил Јанг се врати на Спотифај
Две милиони причини за Спотифај