Пред три години, за време на ковид пандемијата, домаќинот на најгледаниот подкаст на светот, Џо Роган, беше под силни удари и апели за негово канселирање, заради неговите и ставовите на неговите гости околу ковидот, вакцините и карантините за кои се тврдеше дека се екстремни и „ширеле дезинформации“.
Еден од најголемите гревови на Роган беше ивермектинот чие спомнување автоматски ве правеше антиваксер.
Неколку години подоцна, ставот за тој лек е ваков:
Американската федерална агенција за храна и лекови, чии упаства и препораки за време на пандемијата беа „све и свја“, со согласи да ги избрише сите свои пораки на веб страници и социјални медиуми со кои бараше луѓето да престанат да користат ивермектин.
* во Ивермектинот веќе не е опасен
За Роган ќе беше лесно ако за негово деплатфомирање беа само ситната боранија од интернет корисници. Но, против неговите „екстремни ставови“ се произнесоа и познати уметници, меѓу кои најгласен беше случајот со Нил Јанг, кој во знак на протест што се наоѓа на иста платформа со него, реши да ја повлече својата музика од Спотифај (види: Нил Јанг го уцени Спотифај: Или јас или Џо Роган!).
Пред едно месец дена, пишавме дека Нил Јанг се врати на Спотифај. Не дека таму веќе го нема Роган, не дека новиот договор на Роган не е уште потежок од првиот кога се бунеше Јанг, ама Роган сега веќе не бил ексклузивец и го имало насекаде па затоа решил да се врати. Така можело.
Сега се дознава уште една „ситница“. Нил Јанг ќе заработува околу 2 милиона долари годишно од Спотифај заради дозволата да се пренесува неговата музика. Или околу 170.000 долари месечно.
Роган саркастично му посака добредојде на платформата на која стариот рокер веќе не е толку гадлив.
„Патем, Нил Јанг се врати во Спотифај. Честитки, Нил“, рече Роган. „Негово оправдување е дека бидејќи сите платформи сега ги дозволуваат мои дезинформации, тој може да се врати на Спотифај. Убаво е да се види кога човек има јак морал.“