Бришењето е дел од вонсудската спогодба меѓу Агенцијата и тројца доктори од Тексас кои ја тужеа дека незаконски им се мешала во нивната медицинска пракса и советувала граѓани што да не користат.
Ќе се бришат и веб страници и постови на социјални медиуми.
Веќе е избришан дијалогот:
- Дали да земам ивермектин за да превенирам или третирам ковид-19?
- Не.
Ќе биде избришана и интернет страницата која носи наслов: „Зошто не треба да користите ивермектин за треман или превенција на ковид“.
Агенцијата долго време упорно настојуваше дека не постојат податоци за ефикасноста против ковид, иако и во тоа време постоеја релевантни студии кои сугерираа поинаку.
Кога беше најјака, среде пандемиското едноумие, Агенцијата и брутално го напаѓаше ивермектинот, вклучувајќи и пораки како што е:
„Не си коњ. Не си крава. Сериозно, престанете со тоа.“
Случајот кој се одолговлечи четири години е битен и затоа што е прв со кој се ограничува упадот на ФДА во односите меѓу лекарот и пациентот.
Ивермектинот беше најнапаѓаниот и најомаловажуваниот лек во времето на пандемијата. Корпоративните западни медиуми систематски му правеа хајки, надмено оцрнуваји го како „лек за глисти кај коњи“ а еден од главните гревови му беше што имаше поддршка од нивниот архи-непријател - Доналд Трамп. Но, Трамп беше само фасада на приказната. Кај парите е финтата“, пишавме во статијата „Ивермектинот не чинеше затоа што беше евтин“