Universal го обвини TikTok дека уценувал обидувајќи се да плати само ронка од она што го плаќаат другите социјални медиуми за пристап до нивниот огромен каталог. Од своја страна, ТикТок тврди дека музичкиот гигант прикажува „лажна наратив и реторика“.
Иако ТикТок - кој е во сопственост на кинеската компанија ByteDance - има над милијарда корисници, тој носи само 1% од вкупниот приход на Универзал, тврдат вториве.
ТикТок се обидува да изгради бизнис базиран на музика, без да плаќа фер вредност за музиката, велат од Универзал, кои освен за плаќањето, на Кинезите им префрлија и недоволна заштита на уметниците од вештачката интелигенција.
„И покрај лажниот наратив и реторика на Универзал, факт е дека тие решија да се откажат од моќната поддршка на платформата која на уметниците им служи како бесплатен промотивен канал“, велат од ТикТок.