
„Користењето смартфон на веце-шолја го зголемува ризикот од хемороиди за 46%“, сумира доктор Триша Пасрича, главна авторка на студија спроведена од гастроентеролози од Бостон.
Притоа, врз овој процент не влијаат останатите фактори кои се поврзуваат со болни и отечени хемороиди.
Опфатиле125 возрасни лица над 45 години кои минале нив колоноскопија. Две третини признале дека не одат да се даунлодираат без телефон в рака. Најчесто скролале по вести (54,3%) и социјални мрежи (44,4%).
Алгоритмите се направени да го држат човек залепен за екран, но во оваа ситуација, тој истовремено е залепен и за веце шоља.
Оние што користеле телефон седеле многу подолго – 37% од нив поминувале напреку д 5 минути, наспроти само 7% од оние што си ја вршеле работата без дигиталниот Санчо Панса.
Зошто ова е проблем? Затоа што веце-шолјата не е ергономски правена за долго седење. Бидејќи поради објективни и оправдани причини таа има дупка во средината, долниот трап на човек останува без поддршка оздола па настанува притисок врз вените во долниот ректум што е идеална ситуација за појава на хемороди кои знаат да болат, чешаат или крварат.
Според истражувачите, не е напнувањето главниот виновник (како што мислевме досега), туку времето поминато во седење. Накратко, на тие што не знаат да си ја контролираат главата кога се со телефон, им страда задникот.
Може тоа е она „кога ќе ти дојде од дупе у глава.“