
Дваесет и седумгодишната Шерјехон Османова официјално си го променила името во Шерје Шојгу, за да не се посомнева некој во нејзиното потекло. Шојгу е карактеристично презиме за етничката група Туван – турски народ од Сибир. За да биде измамата уште поверодостојна, и нејзиниот сопруг го променил презимето.
Нејзината измама била класична. Ги убедувала своите потенцијални жртви е внука на министерот и дека нејзиното семејство поседува сопствена берза за криптовалути, во која со високи камати повеќекратно го оплодила својот влог од 1,5 милион рубљи (речиси 15.500 евра). На оваа приказна наседнале десетици богати московјани, кои на Османова ѝ дале вкупно 200 милиони рубљи (околу 2 милиони евра).
Адвокатот Саид Јарахмедов, кој застапува неколку од жртвите, изјави за РИА Новости дека некои вложувале над милион рубли во шемата.
Некој ѝ дал милион, друг 1,2 милион, некој 1,5 милион. Никој потоа не ги видел ни парите ни наводната внука на министерот, изјави адвокатот.
Според Јарахмедов, продолжува да се зголемува бројот на измамени Руси и вкупната сума што ѝ ја дале на Османова веројатно ќе надмина 600 милиони рубли (6 милиони евра).
Поранешниот министер Шојгу не го коментира случајот, кој сега е главна вест во Русија заедно со војната во Украина. Тој беше сменет од функцијата во мај 2024 година и сега е секретар на Советот за национална безбедност.