
Научниците за прв пат директно го измериле мистериозниот слаб извор на емисија на фотони кај живи глувци и растенија. Забележале дека нивоата на „биофотони“ паѓаат кратко време по смртта на организмите.
Одговор на прашањето зошто растенијата и животните светат би можеле да им дадат на научниците револуционерна дијагностичка алатка за следење на нивното здравје или подобро разбирање на живите системи.
Екипа научници од Универзитетот во Калгари набљудувале живи глувци во темна кутија еден час со специјализирани сензори и камери, снимајќи ја најслабата видлива светлина од единечни фотони.
Потоа ги еутанизирале глувците и забележале дека нивниот сјај брзо исчезнал. По смртта, глувците биле повторно загреани на телесна температура за да се елиминира топлината како потенцијален извор на сјајот.
Тимот ја повторил истата постапка со два вида растенија: листови од глувчешко уво и џуџест чадор. Во овој случај, вршеле температурни промени и им нанесувале повреди на растенијата, и физички и хемиски. Како одговор на повредите, растенијата светеле посилно.