
Во Дебрецен, Унгарија, тимовите од по двајца натпреварувачи од разни земји мораа да ископаат гроб од 2 метра должина, 80 сантиметри широчина и 1,6 метри длабочина – вкупно околу 2,5 кубни метри земја. Веднаш потоа, ја пополнуваат дупката и треба да формираат уредна могила.
Судии ги оценуваат на скала од 10 поени врз основа на брзина, точност и „уметнички впечаток“ односно презентација: чистите рабови, рамните ѕидови и естетската завршница се клучни речиси колку и времето.
Шампионатот започна во 2016 година и беше паузиран само за време на пандемијата. Организиран е од Унгарската асоцијација на оператори и одржувачи на гробишта, кои велат дека натпреварот не е само спектакл (?) туку и начин да се испочитува професијата на гробарите, која бара физичка сила, ментална издржливост и внимание кон деталите.
Накратко, сакаат да се подигне свеста за оваа чесна професија и можеби да инспирираат млади луѓе да се фатат за лопата.