
Пациент на психотерапевт за кој пишува МИТ никогаш немало да открие дека неговиот психо-гуру користи ЧетГпт, да немало технички проблем. На една онлајн сесија интернетот им бил слаб па овој предложил да исклучат видео за полесно да се разберат.
Наместо тоа, терапевтот ненамерно ги споделил својот монитор.
„Гледав како тој на ЧетГПТ му го пренесува она што го кажувам, му бара да го сумира тоа и потоа ми избира некој од одговорите.“
Подоцна пациентот почнал да го претекнува ЧетГПТ и да го кажува она што тој го сугерирал, терапевтот бил одушевен колку добро тече сесијата.
Вештачката интелигенција последниве години имаше неочекувани последици за полето на психотерапијата, главно поради растечкиот број луѓе што ги заменуваат човечките терапевти со ботови. Беше прашање на време кога самите терапевти ќе решат да „се заменат“. Но, прифаќањето на ВИ ризикува да ги компромитира чувствителните податоци на пациентите и да го поткопа односот во кој довербата е од најголема важност.
Извесна Хоуп, 25 години, му испратила порака на својот терапевт за смртта на нејзиното куче. Наскоро добила возвратна порака која почнувала со: „Еве една почовечка, искрена верзија со нежен, разговорлив тон“.
Терапевтот подоцна се вадел дека никогаш немал куче па побарал помош од ВИ за да изрази соодветна реакција.
********
Сакате ли пократка и поинтересна верзија од оваа вест?
Сакате, ама нема.