Бавчи › Лешоски - Пичвајз

Jaс научив

...Јас научив да ја веднам главата кога ме фалат и величат и да рикам како ранет тигар дури градот сонува.
Јас научив дека оние кои се врзуваат за места, за град, за земја се како птички во кафез со отворена вратичка.
Јас научив дека таквите се како неми птички за кои се луди оние птици кои летаат.
Јас научив сам да си сум и стадо и волк и овчар....

„Раѓањето на Дионис“ - Дарко Лешоски

Една бајаги постара ствар (7-8 години може...), али пригодна за денот денес.  Една постара ствар за која неколкумина мои каде каде поучени пријатели ми рекле дека е една од најубавите „дионизиски“... За мене пролетта секогаш започнува на Св. Трифун, тогаш зема сила и бујрум некој нека ја запре!

ЗА МНОГУ ГОДИНИ И УБАВ ВИКЕНД!

За сите девојки со профил слика на Одри Хепберн

Има нешто обредно во начинот на кој ја сакаа оние бледи, слаби девојки кои секогаш ја избираа Одри наместо Мерлин, секогаш Појадок кај Тифани наместо Некои тоа го сакаат жешко, оние префинети девојки со елонгирани коски кои навечер во своите препони ја носат онаа мала смрт.

Само за баба ти ми е жал

- кур ме боли за сите други од твојата фамилија!

Дарко Лешоски - Пичвајз

Сакам живи луѓе. Спонтани, а спокојни. Ги сакам оние луѓе што први имаат храброст да се насмеат на погреб ако е пијан попот или ако падне ковчегот. Ги сакам оние луѓе што на слави или родендени први почнуваат да пеат, иако им е тапа гласот, ги сакам оние по свадби што играат иако не можат да го фатат ритамот.