Кире и Наташа се фатија кога бевме на факс трета.
Беа најубав пар во цел комплекс Битпазар.
Тој висок.
Жилав.
Таа ... да си еба мајката.
Ко во „Не виткај се Софке" народната..
На лика светица.
На тело Гомора.
Паметни обајцата.
Кире ми има зборено чуда дека правеле во викендица на Матка.
Сè по пропис линија џоинт алкохол подвезица лисица шеездеветка.
Али за испити ... насмевка, конзистентност, флуидност, додатна литература...
Деца од директори беа обајцата.
Таа од стара скопска.
Тој од стара галичка фамилија.
И дипломиравме сите во исто време.
Пичвајз беше дипломската.
Маски, мувања, трубачи ...еден куп срања.
Потем изненадно Натка стави статус тазе имавме отворено Фејсбук памтам
„Уште два дена и Наташа од Њујорк“ .. „уште два дена и Наташа од Америка“
Ѝ се јавив...
„Да"- рече, „Кире веќе најде стан ни дадоа виза."
„Се селиме Дарче во Њујорк обајцата
Ќе ни идеш на гости ќе те носиме да ѝ пишеш песни на некоја цура ко Фиби на сред Централ парк."
Амин Натке ѝ реков амин на некоја манекенка да ѝ пишам на маќедонски на цицка!
И набрзина се видовме и набрзина се испративме....
Газ преку глаа..
Потем се слушнавме неколку пати на Скајп.
Рекоа арно се - нашол прв Кире работа.
Почнал да работи џуниор асистент во некоја маркетишка агенција.
Немал уопште којзнае колкава плата ама тамн за кирија за кондоми и јадење за нив двајцата рече Наташа.
Потем некако како да оладивме...како да нè скина саатницата и временската разлика.
Ама одвреме навреме се слушавме.
Слушав и арни муабети -му одело се подобро и подобро во таа голема стаклена зграда.
Дури и дека стигнал на врвот до заменик директор и најгоре добил канцеларија.
Поминаа години.
Одвреме на време за Божик за Велигден за роденден - си праќавме по некоја порака.
Кире дојде есеноска.
Здебелен.
Окрупнет.
Маж станал.
Не прашав ништо.
Немаше потреба.
Правевме на почетокот муабет за како сте шо праите кај е овој кај е онаа
Послем завртевме на плоштадот на глупоста на политика
Потем му викнавме на келнерот да донесе уште една седма тура.
Рече оти се разделиле.
Оти не им одело со Наташа.
Рече оти сам е.
Оти не оди ништо со сила да му ебам мајката.
Не спомна ништо .
Не спомна ништо оти таа е вратена од пред две години во Македонија.
Не спомна дека на денот на нејзината свадба нарачал 12 рала тапани и трубачи од Аеродром Александар Велики платено до Петта авенија.
Не спомна дека се јавил на обезбедувањето да ги качат од 89 спрат до неговата канцеларија.
Не спомна дека веќе имал испиено литар и двеста ракија и испушил гевгелиска кога го нашле легнат на земјата на 89 спрат – целиот отворено небо и сончева светлина за со точак да се возиш да му ебам мајката .
Не спомна дека ги терал да вртат во круг наоколу со ритам кој може да ја руши зградата.
Со затворени очи дека ги терал да вртат околу него
Дека се смеел само и гледал нагоре дури лежел во Армани на земјата
дека не зборел ништо освен што викал ПОСИЛНО ПОСИЛНО дури вртеле овие околу него со Диникака диникака диникака диникака динакака диниакака
Дини кака дини кака дини кака дини кака дини кака дини кака дини кака
дека се смеел дури лупале овие најсилно
не спомна дека го гледале уплашено
не спомна дека се смеел колку глас го држи ХАхахахахахаххахахахахаха
Дека ги затворил очите на сред Њујорк во кругот од тапани
дека ѝ рекол ти проштевам и машко ти сакам - во истиот миг
оваа под мишка со црепот на попот во Козле дури му рекла ДА!
Не спомна Кире од тоа ништо во Наџак ...
Само рече, а што да праиш брат нејзе само да ѝ е убаво- живели ...
a јебига!
(музика:Слава тебе животе - Златко Ориѓански)