Бидејќи мрзам ноеви по кафани со главите надоле и кажав дека ќе ја прифатам од дома кога ќе стигнам. 2 саати покасно и го гледај името со вонтс ту би френд од Марк Зукемберг како стројник и профил слика од Одри Хепберн.
И ете некако ми препукна... И јас некогаш знам да ставам некоја слика од некоја цура како профил слика ете така, ама Одри Одри Одри, па речиси и не познавам девојка која не ѝ се клања.
И тоа најмногу заради Breakfast at Tiffany's. Toa се тие сликици нели? Со по некоја реплика или без. И ќе си кажам ете со мила душа и ризик јак ама ниту една проститутка не изгледала толку стерилно како Холи Голајтли (Одри Хепберн) во Појадок кај Тифани, ниту една проститутка не изгледала толку чисто. She is holy! Има нешто обредно во начинот на кој ја сакаа оние бледи, слаби девојки кои секогаш ја избираа Одри наместо Мерлин, секогаш Појадок кај Тифани наместо Некои тоа го сакаат жешко, оние префинети девојки со елонгирани коски кои навечер во своите препони ја носат онаа мала смрт. The high priestess of the holy whore!
Има нешто первезно во невината инфантилност на каприциозната девојка со Живанши црн фустан која постојано ги заборава клучевите од својот стан, која има само мачка без име, када место софа и укулеле. Ако сте го гледале филмот до крај веројатно знаете дека Холи Голајтли не постои. Девојката со совршен вкус е провинцијалка, she is the child bride Lula Mae Barnes, дете жена која се омажила на тринаесет години за средновечен фармер од Тексас... Таа не постои но, филмот го има оној одвратно среќен крај, Таа и Тој завршуваат заедно иако Тој во книгата на Капоте е геј. Класичната кич приказна со Хепберн на никого не му оставила жилет во грлото иако има нешто морбидно во сета површност, има нешто болно во леснотијата со која се измислуваат себеси оние порцелански кукли кои го гледаат Појадок кај Тифани место дијазепам, оние Капоте гејши кои ги гледате низ град со совршен тен и малку постари мажи, оние бестелесни апстрактни форми што презриво гледаат на вашите утрински полуции, кои го сакаат мирисот на сребро и новчаници од кожа на крокодил, оние површни девојки чии мачки веројатно ве мразат, оние девојки кои во градите се празни, оние девојки за кои никогаш не е само заради секс, зашто тоа е само начинот на кој заработуваат. Нивниот живот е лигава кич приказна, нивниот тремор е само светкаво треперење, нивната љубов е Hiroshima, завиткана во малечка Тифани сина кутија, зашто нели никој после првото гледање не сфаќа дека Холи Голајтли е курва.
Најтрагично е што истиве цурици очи ќе ви ископаат ако им го кажете тоа. А и ако ви ги ископаат ваљда утрината ќе можете да ги „купите" со еден куп трендафили, со бисери придружени со Moon River во позадина и поглед кој говори: Извини лепојко, извини! Убави се овие девојки. Многу поубави од Одри.
Дарко Лешоски