„Раѓањето на Дионис“ - Дарко Лешоски

Една бајаги постара ствар (7-8 години може...), али пригодна за денот денес.  Една постара ствар за која неколкумина мои каде каде поучени пријатели ми рекле дека е една од најубавите „дионизиски“... За мене пролетта секогаш започнува на Св. Трифун, тогаш зема сила и бујрум некој нека ја запре!

ЗА МНОГУ ГОДИНИ И УБАВ ВИКЕНД!

Тригодишни ангели јаваат на еднорози и лавови
пегаси и огномет од бои крици и извици
пурпурни птици фламингоси
од гејзери и извори водоскоци
околу нив јата ластовици
самовили по сокаци
делфини пливаат низ облаци
сумо борци свират виолини
и сите бебиња тогаш родени се смеат долго и гласно место да плачат
сите пауни летаат високо без да паднат,без да се мачат
шарени лепези и небо калеидо
сето жито е злато за миг ете узреа
Глеј !
Зајдисонца сликаат нирвани!
Од земјата раснат дрвца малечки
-бели и црвени
за девојки обетки
во устата благост во очите сјај
во лудоста живот
во срцето топлина
во ноздрите пареа,
во себеси -рај
Плодови супститут за женски гради
бесни бикови и кентаури трчаат по сини лазури
мајмуните се кикотат ,прават паради
пеперутки се собираат во купчиња,малечки облачиња
Виножито прекри целото небо
низ него златно сонцето свети
-целата земја ти е ноќен клуб!
месечината диско топка...
и се што е живо може да лета ако му се сака!
Слушај ! Буда свири на Лес Пол
лимузински Алааах
нереално ко од Марадона златниот гол
Зборовите се варварски шумови
и јас сум во цвеќара вол
огномет од чувства
63 чакра и екстаза до бол
хармонија од Canon in D
мистика од carmina burana
простота и невиност од Ода на радоста
уф бејби... од Реквиемот фаталноста
Илјадници девојки трчаат низ небото
низ полето
на средина на морето
се кикотат хистерично се смеат
бркаат млади момчиња и се дерат: "Во нашиве раце вашите кринови не венеат
срцето е полно,а друго место е празно....Ха ха ха кај ќе бегаш мој кутар Оргазмо?!"
Се љубат лебеди и прават срце со своите вратови
електрични јагули се тресат ко вибратори
крокодили и кртови шизат
ко све да е на спид
Летаат лилјаци голтаат се со своите очи
лакомо го трошат својот вид
скокаат од облак на облак
сини жапчиња , смотани патори
гракаат ко полни гради хелиум
Топол дожд и мирис на праска
воздухот е валиум- водата ајахуаска
Само клукајдрвците од кедар прават за него колевка
Шарена и толку жива ко иконостасот од Бигорски
Главен за постелнина: господин Ветре Развигорски!

И Љубовта е жива !
Јасна вкусна и мирисна
ко Crystal* и шлаг со јагоди
наивна и невина
слушај како се смее
ко зајакот од "Ну пагади"
Сите срца се нејзини храмови
нејзини пагоди
и се што е човечко не е срамно
Отвори очи и погледај
Жив живот- не скриени камери!
"Виното и крвта се браќа по крв
Полн живот - полна вреќа
дај ми несреќа- еве ти среќа
двогрба камила јавај Ти на нејзиниот грб,
екстаза полна празна скрб!
и земјата е наша мајка,ако е црна
Влажна и топла ко очи од срна
И таа не е наша гибел и казна
Наполни ја душата тесна и празна"
-викаат на црни липицанери-белобрадите старци
Се кикотат белоглавите жени качени на црвени јарци.

Пијана и ужасно убава е Смртта...
ене ја по купаќи пушта музика
и сите дечинња од овој свет
малечки кадрави слатки
бели црни жолти
насмеани од среќа насолзени и мрсулави
играат на Right here Right now od Fatboy Slim...

 

14 февруари 2014 - 13:45