А бе ти е гајле ... славен си!

 

 

А бе ти е гајле - ти сега познат си.

Ме гледаше.
Те гледав.
Како сончоглед се вртев по тебе
Како луд сончоглед по полна месечина низ кафаната се вртев и јас.
Едно време ми се насмевна.
Во исто време ти се насмевнав и јас.
Ко да те познав.
И ти ко да ме препозна.
Ко да ме бендиса - ко да те бендисав.
По некое време рамецата голи со јакната ти ги покривав.

По некое време да не му врне дури бевме под стреата го покривав

-да не му врне чичкото што продаваше весници.
Оти бев пијан.
Оти носев некој гнев и инат уочи Велигденските празници.
Оти знаев дека кожната јакна што ја имам чини негови четири плати.
А ти се смееше.
Се смееше дури јадевме бурек и ми велеше: Леле бе те знам два саати ама ти луд си жими мајка луд си ..
А јас ти се смеев ти се смеев ко да не си подобра ништо од мене ни ти
Потем му реков: „продаваш глупости стари."
А ти ми се намурти.
Ми рече: „Зашто му зборуваш така?" ,
А јас : „Ма новинар бев кратко бе па ти не купувам никогаш весници "
Потем те испратив и сабајлето ти дека ќе ме частиш кафе за бурекот ми вети.
Утрината гледам си ми пишала на Фејсбук. Си ме додала за пријател и си ми пишала порака:
Чекај бе ти си пишувал чекај бе славен си бил. Си се распрашувала за мене по сите другарки.
Потем : „Зарем не ми гледаше во очи дека ми се свиѓаш мораше ли друг некој дека сум во ред да ти потврди? И јас дека ти се свиѓам не си веруваш ли сама на себе си " –т ака ти вратив.
Па те додадов.
Ти го лајкав статусот од прошлата вечер: „пеперутки"
Па те бришав за пет секунди.
Ми пиша потем :Ти славен, а тежок сељак си!
Ти пишав: Ти глупа и баш штета што си убава и брзоплета кучка и нефер си!
Утрината место "едно еспресо"
Мене "едно депресо" во кафулето спроти твојата тераса мене ми се испушти.
Те чекав да се симнеш
Те чекав да ти притреба нешто од продавницата од спроти.
Жената на тераса ја цедеше маицата.
Пред да ја спростре ја вртеше како жица крвнички.
Чинам јас така младоста и љубовта од вените си ја цедам.
Ги гушам и убивам како да ми се тие за се криви.
И чинам не боли.
И среќен сум кога празен сум и сам сум.
Празен ко сендвич за сираци.
Празен ко шуплина око во черепот после смртта шесте недели.
И сите луѓе се миг.
Сите минувачи низ него само црви и змии.
Во два поручек фаќам такси.
После две депреса и дремење од два саати.

Укма е.

Свири Дакота од Стереофоникс.


Го замолувам таксистот да припушти.
Некоја божица ги спростира алиштата на небото.
Почнува да роси.
Маицата од нејзиниот бог ја цеди.
Нејзинити прслуци мирисаат на процутени липи.
Само јас ја гледам.
Носам темни наочари за да ги скријам подочњаците за нијанса помали од нејзините гради.
Ми вришти младоста во грлото.
Ми лишти и капе како капки.
Ме корне како дисторзијата од гитарите
како по јаболчето на грлото наострени мачкини нокти
Ме боли.
Ми вибрира телефонот.
Што ти е тебе проблемот стварно ако си бил славен стварно не треба толку арогантен и кретен да си !
Ти враќам знам дека ме виде кога се качував во такси можеше да викнеш од терасата можеше да викнеш: Ејј Дарко почекај!"
"И да... славен сум! Oд Пехчево до Кичево растурам – кур да ми пушиш!"
Го оставам спокојно телефонот до мене на седиштето.
Таксистот дури ја отпуштам косата: "Дечко извини познат ми си од негде" – ми вели
Му враќам уште поспокојно дека водам спортска емисија на телевизија.
"Знаев од негде дека ми си познат" - ми враќа сигурен во своите глупости.
Топло е.
Топло ко во пеколот сите ѓаволи секој посебно да распалиле за први мај скари.
Ликот мој во ретровизорот ми вели: "Злобен си !"
Ми се блуе мене од тој лик.
Ми се блуе од ликот мој во огледалото.
Ми се блуе.
Ми се гади.

7 мај 2013 - 14:26