Везиста каков шо сум, нешто ко микс на Канатларовски и репетитор на Скопска Црна Гора, успеав да дојдам до една копија од сè уште необјавениот извештај за фамозниот егзорцизам во куќата на стравот во Црниче, од една наша реномирана тв куќа (за некого такоџе „тв куќа на стравот" зависно од бумбарот кој ќе ти се падне) позната по ексклузиви од Шарм ел Шеик до Александрија (не кажувам која телевизија е со име и презиме, да не ми се окоми Латас за безвезе).
Приказната забележана од новинарот, кој логично, случајно се нашол на лице место па е забележана во прво лице еднина, оди отприлика вака:
...
„Ооооомммм, излевај, излевај надвор, НАДВОР ИЗЛЕВАЈ!!!" - се развика Тино како да е млад дркаџија пред компјутер без слободна рака, кого го прекинале во процесот на запознавање на сопствените витални функции при визуелен стимуланс од коитална природа (илити по нашки: гледање порка и млатење на мајмунот; повеќе детаљи за ова во дневник 3 на... ајде пак, некоја н.н. телевизија).
Духот ги подотвори очите, се подисправи од креветот и барајќи го копчето за „снуз" како пијаница биљанините извори, си помисли: „Кој е па сеа, мајкуму стара, није ваљда дека Глигоров пак ја претерал со Гоце во „Деспина", како минатиот пат кога заедно се направивме Радерогожаров и со Стево Теодосиевски бевме да ѝ пееме серенади на Витни Хјустон". Тргна кон вратата на куќата на стравот, или како што тој во вакви денови си ја викаше - „куќата на смрадот", ја подаде главата низ врата и скоро да се скамени од она што го виде, абе срце ќе му пукнеше што нема срце да му пукне во моментот.
Храбриот Тино гордо држејќи ја легитимацијата од Здружението на извршители во една и усисивачот во другата рака, со цвикери а ла Хорацио Грант и капче како доставувач на недојадени пици не покажа ни ронка страв. „Господине дух, ИЗЛЕВАЈ ОД КУЌАТА, дивограѓо ниедна, да не те попрскум со крстена вода па да те зашмукам со вај колектор на изгубени души, ИЗЛЕВАЈ И-И-И-З-Л-Е-Е-В-А-А-Ј". одѕвонија неговите зборови низ Црниче како песна од Бери Вајт пуштена наназад и тивко, полека, да боли.
Јебига, дух ко дух, ни порано не есапел многу извршители, инкасатори и слични истерувачи на нечии хемороидални израстоци во пределот на фронталниот кортекс, но осети дека има нешто посебно во овој дечко. Не беше сигурен дали чувството на посебност можеби доаѓа од некое црево полакилска салама која ја беше кркнал утрината, но да можеше ќе умреше од љубопитност да дознае што наумил овој ербап момак, со демонстрирана храброст како да е Наполеон Бонапарта на магаре пред Порта Македонија после самит на НАТО на кој повторно не нè примиле.
„Шо сакаш бе, клошар, кој ти кур бизнис?", му се обрати на Тино по инструкциите од прирачникот за директорски бон-тон. Тино сфати дека џаво је однео шалу и во тој момент одлучи да нападне. Зазеде став како Брус Ли кој сака да влезе во „Балет" на "приватна журка", благо излевитира, доволно за да создаде услови за поголемо ехо и започна да пее кавери на Јанко Узунов преработени за гусла и дајре.
Духот избезумен посегна по пиштолот кој го чуваше за црни денови, си го стави на слепоочница, па се сети дека му фалат коски, нешто месо и очигледно малку мозок за да може да се реши моментално по кодексот на комитите соочени со безизлезна ситуација и одлучи да си наштети на поконвенционален начин: го вклучи телевизорот на собраниски канал, се врза на стол и го скрши далечинскиот управувач.
...
Во името на неземањето на лебот и паштетата на професионалците, ќе ги оставам вистинските новинари кои истражуваат на терен да си ја дораскажат приказната, како што тоа секојдневно и го прават. Ионака истерување духови и не е баш најактуелна тема.
Мене повеќе ме интересираат далеку поегзистенцијални прашања како на пример: прво и најважно, кој го облече Прометеј, бидејќи од денешен аспект џепарошот кој го здипли огнот ќе смрзнеше како последен шупак кој не потпишал договор со Топлификација иако има(ше) цевка, па иницијаторот на визионерските гаќи може да предложи колективен план за акција како тоа можеме да се згрееме и ние непозлатените во овие ладни денови, а да тоа не е на начин кој подразбира оживување на хипи-принципите на колективна одговорност; второ, дали тој што го облече Прометеј има гледано порнич со лезбејки и трето и не помалку важно - како би изгледала фризурата на Канго после средба со Тино Кајшаров?
Пријавете дух aко баш морате на betmenvelit@gmail.com или на @BatmanSaysT