Somebody has to save our skins from...

Чмар wars

Кој нема да полуди овде, тој не е нормален.

И додека во Романија 300. 000 луѓе успеваат да го поништат амнестирањето на корумпираните политичари, кај нас...

После 10 години...

It's a trap, и овој му вика на него ти бе си нè снимал, а овој му вика не бе, не сум ја, сега ќе видиш ти бомби, и овој му вика ако бе, све се тоа странски служби, а овој му вика прес ќе ти држам бе, и овој му вика држи бе, ама ние ГДОМ, и овој му вика што бе ГДОМ, ние бе СЈО, и после онаа му вика све на Т дека се тие криминалите, а овој му вика е сега бе ќе видиш а војна да имаме, и после овој му вика Куманово бе ние го спасивме, а овој иде и се слика у сред Диво Насеље, и после овој му вика на него ти бе предавник, а овој му вика а ти бе што си нè снимал, и после он му вика 

.И он му вика СОРОС, а овој на него му вика СЈО, а овој на него му вика ДЕСОРОИЗАЦИЈА, па овој на него му вика а вие бе 10 години, и овој на него му вика што е бе, сакаш ли избори, и после овој на него му вика ќе одиме бе на избори, ќе видиш ти. 

И после овој на него му вика 400 иљади гласови, а овој на него му вика јас бе мандатар, па овој на него му вика mind tricks don’t work on me, а овој му вика е сега бе ќе видиш ти Теарце, а овој му вика ако бе, ќе победиме, и после он му вика џабе ви е бе, и после он му вика уз греана ракија ние имаме проглас бе, а овој му вика читај бе на глас ама ние победивме, и после он му вика сега бе ние со ДУИ Влада ќе формираме, а овој му вика ама ние победивме, и после он му вика на Али ако бе, еве бе све ќе прифатиме, а Али му вика абе ние ПЛАТФОРМА прво сакаме.

И после он му вика ако бе, и платформа нека е, само Шутка да не е, и он му вика, ама СЈО мораме, а овој зима деца на санки и им вика great kids, don't get cocky, и после он му вика а бе нели влада ќе правиме а овој му вика абе не даваат дипломативе, а овој му вика Бејли не е валиден, а Стејт департмент вика кој кур ви е, и после он му вика ај бе откажи се, и после државникот вика мандат не ви даваме, а овој му вика море има да го дадете, а овој му вика stay on target, George, а овој му вика победник со победник, а СИТЕЛ вика пари од СОРОС кај овие се отидени, а Латас уредник на кајрон пишува негација заедно, и неможе им е македонски правопис.

И овој му вика абе смртноста во Македонија руши рекорди, а овој му вика од кај му се бе на Шилегов парите, а овој му вика а ти бе станови у Брисел од кај ти се, а овој му вика а бе у белгиски катастар грешка направиле, а овој му вика ако бе, у Струмица власт у совет имаме, и после овој му вика Luke, I am your father, и после овој му вика а бе у Карпош 1124 пички материни честички загаденост имате, а овој му вика што е бе, Куманово поарно да не е, и после овој му вика ние бе потписи ви собираме, Влада ќе правиме, и после овој му вика Трамп е наш бе, Македонија парцела да е, и овој му вика, а овој на него му вика, и му вика, и му вика, и му вика do, or do not. There's no try, а овој му вика чеда сме на Александар, секој да ја знае...

А јас им викам да ви ебам мајката на сите, лудаци едни непрокопсани, што правите бе со Македонија?

Сандра