Македонија 2041

Идниот претседател на Македонија ќе јаде инсекти

Пред десеттина дена изби пожар во еден дел на студентскиот дом „Гоце Делчев". Втор пат во две години. Мојот детективски аналитичен нос веднаш влезе во „CSI: Goce Pa Ni Go Otepaa" расположение и започна да ги намирисува причините поради кои се јавува жар во студентските кругови. Аналитиката ми ја олесни она што се случи ден потоа...

Студенти на интернет објавија револуционерна слика од мал меснат упад среде прилог во порција - една сочна лебарка спружена како да се сонча врз печен компир во мензата на друг студентски дом во Скопје. Замисли ситуација: одиш да си земиш оброк во студентска менза, плаќаш само за компир, а добиваш компир со месен додаток: лебарка оптегната врз компирот како да се сонча, „ко да дрема, ко да спава". Па пошо таа се сонча земаш апарат и ја сликаш, малку да и олакшаш ватрена смрт и да ја третираш ко манекенка оптегната на плажа во Сен Тропе пред објектив на папараци. А пошо оброк не е оброк ако не се слика и се оптегне на нет, сликата ја споделуваш со сите гладни души на овој бели свет.

Во некои култури појавата на лебарката во оброкот е добра вест: јадат инсекти и се воодушевени од нивната хранлива вредност. Во нашата култура, генерално имаме разбирање. Тако и ја.

Лебарката ја разбирам. Барала место на кое може слободно да живее и си нашла студентски дом како идеален капацитет за неа. Плус, можеме да ја гледаме и како комплимент на кујната во студентските домови: толку е добра храната, што и лебарките ја обожаваат, па знаеме дека наредната и понапредната генерација се храни квалитетно.

Ги разбирам и студентите кои живеат во тој свет на лебарки, влага на ѕидови и исклучени радијатори, чучавци и прегорени сијалици. Бараат место на кое можат слободно да си гувеат и си наоѓаат студентски дом. Тука живеат умовите кои во иднина ќе ја земат во свои раце оваа држава, па бидејќи животот е нивниот филм - живеат во филмски услови (и „Петок 13-ти" е филм).

Го разбирам и студентскиот. И јас да сум „Гоце Делчев" и во мене да живеат луѓе кои светот го разбираат како поле за натпревар меѓу лебарките додека некој не ги извлече и ги фрли во административно живуркање од први до први, би се запалил. Тука ја привршив истрагата за пожарот верувајќи дека духот на Делчев, таткото на нашата револуција дошол да ѕирне што се случува во домовите на студентите па одлучил да се саможртвува со ритуално спалување во контролиран пламен кој нема да земе друг живот. Комита си е комита. Дури и кога е мртов се убива за ние да живееме како што сакаме: без да помислиме дека елементарните услови за живот се елементарно право, дека не е привилегија да јадеш инсекти и дека затвореници во Шведска живеат во 18 пати подобри услови отколку студентите во некои од студентските домови во Македонија.

Е сега, тие студенти имаат и студентски сојуз (по ново – студентски парламент). Нормално, тој парламент, тоа бад-спенсеровско тело на студентите, неодамна направи анкета врз 15.000 студенти со сет прашања кои се однесуваат на најгорливите проблеми со кои се соочува студентаријата, во кои апсолутно најомилено ми е следното: „Дали би сакале поефтин јавен превоз за студентите?". Јеленских ми рогова. Студенскиот Парламент (СПУКМ) осеќа дека мора да ја опипа волјата на својот електорат, шо е супердемократија на дело – пази, можеби не сакаат студентите бесплатен или поефтин превоз. Можеби се мераклии на плаќање уште поскапа карта за бус или специјална скапа тарифа за такси. Можеби пак не сакаат воопшто да се возат со моторни возила од еко-свесни и диетални причини и обожаваат постојано да пешачат, па ќе кажат не на ова прашање од анкетата. Али на Сојузот е да си праша, од кај да знае па тој, можда некој е луд па сака да плаќа помалку.

Е сеа, во духот на лебаризмот решив да споделам неколку идеи за анкети и акции кои би можел да ги направи СПУКМ меѓу младите интелектуалци на Македонија чии интереси ги штити и за кои постои, за идните работници, административци, физикалци, контра-протестанти, министри, премиери и претседатели. Парламентот мора да има исполнета агенда со која ќе се бави додека студентите си мезат инсектчиња и пеат хакуна-матата наместо молитва за греење во декември. Ова се моите предлози:

Анкетно прашање: "Дали би сакале и бубашваби покрај лебарките (со гарнир рестован компир или рижото) секоја втора сабота?"
(можни одговори: 1. ДА, НЕКА КРЦКА! 2. НА ГОСТИ СУМ КАЈ БРАТУЧЕД )

Акција: „Фати женска да те грее, радијатор за ебанка не е"
Зошто да ситничариме за влаги, студови и идризовски чучавци, кога може преку љубовта да го стоплиме срцето и да грееме како сонце кое грее за сите, нели? Фаќаш девојка, водиш љубов со неа и ти е топло. Ако не е доволно топло, користи кондом – волнен. Плус може со супер зимски дезени да биде исплетен (пример, црвена плетка и со бели букви напишано „ИСПРАЗНУВАЊАТА СЕ БЛИЖАТ"), а е доволно порозен за низ него да може да помине среќата: ако имаш среќа, ќе создадеш живот кој за 18 години ќе живее во исти услови како ти, горд што ја спасил од изумирање нацијата која сака да грицка лебарки и нокти кога им се менува од власт омилената цицка.

Анкетно прашање: „Дали би ви бил особен проблем да ве исфрлиме од домот ако се побуните доколку веќе не ви даваме бесплатни лебарки со компир?"
Можни одговори: 1. РАЗУМЕМ!

Акција: „Масовно опашување – лекција против дискриминација"
Физичкото здравје кај студентите е на незавидно ниво, па со оваа акција ќе се стимулира наведнувањето и подобрувањето на еластиката на 'рбетот. Сепак, хуманата нота на акцијата е поважна: кога си со наведната глава и не знаеш кој точно те опашува, се учиш сите да ги осеќаш подеднакво мили. Во овие тешки времиња сенсот за вредноста на човечкиот живот и еднаквоста е неопходно да се донесе на достојно ниво. Главата е долу само ради симболика – ако од долу сите ги гледаш (осеќаш де) еднакви на тебе, ти ќе бидеш посреќен човек. Предлог парола: ако боли, нека боли, ко му ебе матер.

Анкетно прашање: „Дали студентите би сакале чиста постелнина?“
Можни одговори: 1. Дефинирај чисто 2. НА ГОСТИ СУМ КАЈ БРАТУЧЕД 

Акција: „Засади ја својата бактерија“
Акција од спонтан карактер, не треба да се прави ништо. Бактериите сами ќе изникнат, а студентите се учат на трпение додека процути некоја убава стрептокока. Oдлична за зимски услови, изникнатата бактерија може да се украси со по некој лампион во духот на празниците.

Анкетно прашање: „Шо значи тоа Може ли полошо?“
Можни одговори: 1. Да немаме вода, па да мора да се замиваме со жолтата на тате, хорор 2. Замисли немавме јавен превоз 3. Името никако! 4. Најбољи сте братче со прашањава аахахахаха БРАОООС!

Акција: Осоколи се!
Се гаси струјата во студентските домови секој ден во 20:00 и се делат свеќи под чиј треперлив пламен иднината на државата тренира брзо учење и оштрење на видот - да биде како на сокол. Дополнителни придобивки од акцијата: студентите во недостаток на електрично напојување ќе мора да научат да свират на гитари, тенџериња и дебели црева (ова за вегетаријанците кои не сакаат месасти лебарки) доколку сакаат да ќарат грејно тело за долгите ноќи.  

Анкетно прашање: „Студенти, убаво ли ви е?"

Ќе го одговорам јас: Очигледно.

Нема на чему. Чувајте се, вие умни глави :)



betmenvelit@gmail.com / @BatmanSaysT  

13 декември 2013 - 19:11