Од Вардара па до Триглава
велико ќе срање да се одиграва...
Ех, Босно, Босно моја...
Изнад Тешња зора свиќе, и наместо љубов, оно испадна војна вечна биќе. Ама па, доста и чекавте. Поминаа дваесет години откако не проливте капка крв заради бедата и дното во кое се најдовте после примирјето. Поминаа дваесет години откако 180 000 невини животи паднаа покосени од снајпери и нагазни мини. Пола држава шетате кој без нозе, кој без раце. А зошто? Слоба, Изетбеговиќ и Туѓман однесоа тајните в гроб, во кој секој од свој агол се превртува што не го докусури тоа мало и преубаво парче земја. Дејтон се потпиша, и нова страна на бедотија тешка ви се отвори.
Историјата сепак се повторува. Во најлошото и уште поцрно издание. Сега се здавивте брат со брат, на братоубиствена војна ве натераа политичарите корумпирани и неспособни. Со пендреци, шибање со водени топови и солзавци полицијата сака во ред да ве стави. А кого ставаат? Гладниот? Жедниот? Босиот?
Што да каже човек, не е паметен. Балканското буре барут сѐ како некаде насред Јахорина да е закопано. Сѐ како жарчињата на војната да не се докрај изгаснати. Но...
Вие сте всушност балканските херои. Вие го изедовте стапот што цела Југославија бивша во вид на омраза го оштреше додека ние овде мислевме дека од Вардара па до Триглава, сите сме си едни на други мили и писани. И еве нѐ... Додека ние тепаме зезање на тема како се вари глава босанска, вие на цела бивша Југа ѝ покажавте како се бори гладниот и намачен стомак. Вие сепак покажавте дека твдра е и непокорна главата бошњачка.
А што ние правиме, драга Босно?
Ние уствари ништо не правиме. Нит поарно живееме од вас, а нит се буниме, нит па не се буниме. Ние уствари сме подеднаква гладна маса како вас. И ние имаме скоро 6000 стечајци. И ние ја имаме Лилјана Ѓеоргиевска која на сред говорница у Парламент рече дека ќе лае у Собрание ако сите стечајци како што ветуваат ќе бидат фајнали обештетени. И тоа е тоа. Тие се единствените што се брануваат, и кои кога ќе излезат на улица онака гладни и со пори на челото длабоки ко бразди неизорани, кој како стигне од возило во движење ги плука и пцуе оти не може да вози 70 на саат пред Влада или Собрание. Единствените драга Босно. Сѐ останато е инертна маса во гласачко тело претворена.
Но, зошто бе да се брануваме во вид на протест или штрајкови? Па ние Македонците сме си мирен народ. Нам ни е се потаман, односно... Ние знаеме дека ако излеземе на улици може да не тепаат, па зошто да не боли грбчето подоцна? Ние знаеме дека со лошо ништо не се постигнува. Ние и у бивша Југа си бевме најдисциплинирани и од сите заборавени, па уште не држи мајата. И ние знаеме дека ако нешто лошо на улици правиме дека божица Еуропе ќе дојде и со стапчето одма по раче, пљас, пљас... И одма за ушиња - aaaa, no, no...
Па зашто да ја љутиме, бе? Ние и онака непризнаени и јадни, па уште и да си додаваме ''уље на ватри''. Ние си седиме и демек мудро чекаме некој одозгора да ни ги реши проблемите. Ние сме попаметни и од било кој смарт телефон, џес' ба, Босно моја намучена и напатена.
И како за крај да кажам, ние ни во дух на солидарност со нешто и некој не смееме на улица да излеземе. З'ш па да викаат после овие од естаблишментот дека се прелило и кај нас, а немало потреба, па за казна уште толку да не докусурат. Овака, наведни си глава и сабја полициска не ја сече.
И у нама гори ватра Босно моја, ама ние... Нит стечајната маса некогаш поддржавме, нит за едно ебано право овде не се изборивме, нит на Европа среден прст за името покажавме, нит бутур, ебати тоа народот и жениве што ни за право на абортус не знаеја на улица да излезат. Сите се набутале дома и после оф.. Епа оф. За кого е, и малку е.
Пиши и на комуњарата ако смееш на: